Home закуска Лесна пита со модар патлиџан, повкусно од месо…најдобриот рецепт што сум го...

Лесна пита со модар патлиџан, повкусно од месо…најдобриот рецепт што сум го пробала…

Лесна пита со модар патлиџан, повкусно од месо…најдобриот рецепт што сум го пробала…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г модар патлиџан, исечен на коцки
1 лажичка сол
залијте со топла вода и оставете 10-15 минути, па процедете

За тестото:
2 јајца
200 мл млеко или
200 г цврст јогурт или кисела павлака
3 лажици маслиново масло
1 лажичка сол
1 прстофат шеќер (по избор)
1 лажица сода бикарбона или (2 лажици прашок за печиво)
180 г сенаменско брашно
150 г рендан кашкавал

И уште:
30 гр путер
3 чешниња лук
1 кромид
1 црвена пиперка
сол, црн пипер
1 домат, излупен и исечкан

калап 30 или 32 см
намастен и посипан со
2 лажици гриз или пченкарно брашно
200 г фета/ситно сирење

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со сите наведени состојки, а најпосле додајте го брашното и изедначете да нема грутчиња. На крај додајте го ренданиот кашкавал и промешајте.

2.На растопен путер испржете го лукот, кромидот, патлиџаните, сечкана пиперка, а пред крајот додајте и сечкан домат. Динстајте додека сето да омекне и зачинете по вкус.

3.Половина од тестото распоредете во подготвената тепсија.

Распоредете го филот од зеленчук, посипете ситно сирење и одозгора распоредете го остатокот од тестото.

4.Печете 45 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.