Свежата зелка ги содржи најважните елементи за одржување на биолошката рамнотежа на организмот. Покрај тоа што спречува авитаминоза, таа ја третира и слузокожата на органите за варење.

Топлата супа од зелка го олеснува кашлањето и ја смирува иритацијата на душникот, а за анемични лица се препорачува сирова зелка, бидејќи содржи многу потребни минерални соли и витамини.

Овој лековит напиток треба да се зема помеѓу оброците, а доколку предизвикува тегоби при варењето, тогаш еден час по оброкот. Во овој случај, треба да испиете чај од ким или камилица пред јадењето.

Во народната медицина, сокот од зелка се препорачува во третман на чир на желудник, а за да се добие сок, исечкајте половина килограм зелка, измелете ја, додајте малку сол и оставете да отстои. Потоа исцедете ја зелката преку газа а добиениот сок чувајте го во фрижидер.

За супа од зелка, потребно е да загреете 3 лажици масло во тенџерето, кратко да пропжете две лажици брашно и да ја додадете зелката, ситно исечкана. Гответе со додаток на ловоров лист и црн пипер. Откако зелката ќе омекне, промешајте и ситно исечканото чешне лук, две лажици кисела павлака и сечкан лист од магдонос и целер.

Сок од зелка за белите дробови

Овој пијалак може да има корисен ефект врз респираторниот тракт. Свежо цеден сок од зелка е спас за секој што стра-да од гастритис. Исто така се препорачува за луѓе кои имаат проблем со варење и бавен метаболизам.

Потребни состојки: една главица зелка.

Подготовка: Измијте ја зелката добро, што ќе ја користите за подготовката на сок. Исечкајте ја зелката на парчиња и ставете ја во соковник. Блендирајте сè додека да добиете густ сок. Можете исто така да го комбинирате сокот од зелка со друг зеленчук. Доколку сокот е густ, разредете го со вода по желба.

Ја подобрува кр-вната слика

Пиењето на овој сок може значително да ја подобри кр-вната слика. Првенствено се препорачува за млади жени, кои имаат обилни кр-вавења при менструални циклуси.

Ја намалува вознемиреноста и нервозата

Пиење свеж сок од зелка се препорачува за ублажување на анк.сиозноста и нер.возата. Сокот од зелка може да го подобри спиењето и да ја елиминира несоницата затоа што делува релаксирачки и смирувачки врз телото и мускулите.

Зелката може да помогне за одржување на здравјето на срцето

Зелката во својот состав содржи компоненти наречени антоцијанини. Овие пигменти кои претставуваат флавоноиди, го даваат специфичниот вкус на овој зеленчук. Зелката содржи 36 различни видови на вакви моќни антоцијанини. Воспалителните процеси се зголемувачи на ризикот од срцеви заболувања, а позитивниот ефект на антоцијанините се должи токму на нивното антиоксидативно дејство.

Може да помогне и во намалувањето на нивото на холестерол во кр-вта

Покачени нивоа во кр-вта можат да водат до зголемен ризик од развивање на различни заболувања, најчесто кардиоваскуларни заболувања. Зелката содржи две супстанции кои покажуваат снижувачки својства во однос на нивоата на ,,лошиот”, LDL холестерол во кр-вта. Тие две компоненти се растворливите растителни влакна и фитостеролите.

Исто така, зелката ги содржи сите најважни витамини како А, Б 1 и Б2, Ц и К. Тие се неопходни за правилно функционирање на организмот. Сокот од зелка има повеќе витамин Ц отколку портокалот. Тој е најдобриот извор на калиум, кој има значајна улога во регулирањето на работата на срцето и нервниот систем. Во 100 мл сок од зелка има само 23 калории, па затоа често се користи како исхрана за време на диета.

Tim Patterson / Flickr.com