Кога станува збор за лекување на респираторни проблеми, му нема рамен и се набројува меѓу најдобрите билки кои помагаат да се исчистат белите дробови и да ја смират кашлицата за кратко време.

Ким е самоника билка, а пред сè им припаѓа на зачинските билки. Египќаните први сфатиле колку се моќни семките од црниот ким, па од нив направиле лековито масло. Источните народи за црниот ким говореле дека ги лекува сите болести, освен с мртта.

Кимот содржи есенцијални масла, неколку видови на масни киселини и витамин Ц. Според научните истражувања, црниот ким може успешно да униш.ти или ублажи 600 различни болести и состојби.

За лекување можете да користите масло, да направите чај или да го додавате семето од ким во салати или јадења. Кимот има аналгетски, антибактериски, антиинфламаторни и антивирусни својства.

Благодарение на неговиот состав, успешно го обновува црниот дроб, ги отстранува ток-сините, ја забрзува функцијата на бубрезите, го регулира кр-вниот притисок и го држи холестеролот под контрола.

Кимот го подобрува апетитот, го олеснува варењето, ја намалува надуеноста и помага при гр.чеви во стомакот. Докажано е дека има позитивен ефект врз дијабетесот и намалување на шеќерот во кр-вта.

Позитивен ефект е забележан и кај пациенти со кар.цином. Поради силното антиоксидативно дејство врз имунитетот, тој е особено ефикасен кај луѓето кои примаат хемо.терапија, бидејќи го забрзува закрепнувањето помеѓу третманите со хемо.терапија и го подобрува неговиот ефект.

Црниот ким, исто така, има силно влијание врз обновувањето на ткивото на белите дробови, чистењето на респираторниот тракт и подобрувањето на белодробните функции.

Чај од црн ким против бронхитис и кашлица

Измешајте една голема лажица црн ким, една мала лажица камилица и половина мала лажица анасон во една чаша топла вода. Оставете да отстои 10 минути, процедете, засладете со мед и пијте неколку пати на ден.

Сируп против астма

Измешајте една мала лажица мелен црн ким, две мелени чешниња лук и две лажици мед. Земајте по една кафена лажичка сируп секое утро на празен стомак во период од три недели.

Природен лек од црн ким и лимон за сите болести

Рецепт на Луна од „Мојата Животна Приказна“. Овој лек ги лекува сите болести, а се подготвува многу лесно и едноставно. Може да се консумира и како превентива, а потребни ви се само неколку состојки за негова подготовка.

Потребни состојки: 4 лимони, 6 -7 лажици масло од црн ким, семе од ким, шафран, хималајска сол, органско маслиново масло.

Подготовка: Потребни ви се 2 лимони да ги искористите со се кората во подготовка на овој рецепт. Така да, користете органски лимон од познат производител или доколку имате лимони од супермаркет најпрво оставете ги да отстојат во вода со сода бикарбона.

Моите лимони се органски и само ги измив под млаз вода пред подготовка. Лимонот пресечете го на четири делови, односно пресечете го така што со ножот да не добиете поделени делови од него. Потребно е лимонот да остане непресечен на дното, а одозгора пресечените делови да ја покажат внатрешноста на лимонот.

Во пресечениот лимон додајте хималајска сол во внатрешноста. Слободно додајте повеќе хималајска сол која претходно треба да биде сомелена. Потоа додајте го црното семе од ким. Бидете внимателни на секоја страна од лимонот да има црн ким.

За овој лек нема одредена количина, затоа е важно да додадете еднакво на сите страни од состојките. Потоа се додава сувиот шафран. Шафранот е еден од најдобрите зачини на светот, кој многу тешко се собира, но има и многу лековити својства.

Вака подготвениот лимон се става во поголема чиста тегла. Ако имате место за уште еден вака подготвен лимон, повторете ја истата постапка на подготовка и додајте го во теглата за уште поголеми лековити својства.

Сите состојки може да ги најдете во продавница за здрава храна или да ги нарачате преку Интернет. Овој лек е многу стар, користен од дамнешни времиња, а се покажал и како многу лековит. Бројни сведоштва докажуваат дека овој лек го користат за лекување на ракот.

Овој лек е познат во азиската традиционална медицина, а јас го добив од ирански доктор. Докторот специјално ми го потенцираше лекот за сите болести, покрај сите други.

Откога ќе го ставите и вториот лимон во теглата, додајте 6 – 7 лажици масло од црн ким во теглата. Доколку ви преостана семе од ким и шафран, додајте уште по 1 кафена лажица во теглата.

Потоа процедете го сокот од преостанатите 2 лимони и додајте го во теглата. Може да наросите и уште малку хималајска сол во теглата. На крајот прелијте ја смесата со маслиново масло процедено од прва рака до врвот на теглата.

Добро затворете ја теглата и ставете ја покрај прозор или на некое друго место изложена на директна сончева светлина. Потребно е теглата да се протресува трипати дневно, а на сонце потребно е да отстои 3 седмици (21 ден).

По изминатото време, добиената смеса може да ја консумирате процедена директно од теглата или да ги изблендирате сите состојки во блендер, а потоа да ја складирате смесата во тегла која ќе ја чувајте на суво и темно место. Кон.сумирајте по 1 супена лажица, трипати на ден пред секој главен оброк.