Лажна Унгарка готова е за 20 минути

Достојна замена – царица на домашните колачи…

Потребни состојки:

800 мл вода

5 лажици шеќер

200 г чоколадо за готвење

1 маргарин/путер (250 г)

1 кг бисквити (спорт кекси)

За глазура:

500 мл слатка павлака за шлаг

200 г чоколадо за готвење

Постапка:

Сите состојки ставете ги на оган да зоврие, па тргнете на страна и со лажица промешајте ги биксвитите (цели) да ја впијат течноста.

Смесата излејте ја во тепсија (30х40) израмнете и прелијте со глазура.

За глазура: слатката павлака на тивко загрејте ја, не смее да зоврие, па во неа растопете го чоколадото, па прелијте преку колачот. Оставете на собна темпеартура глазурата да се стегне, па дури потоа потоа изладете во фрижидер.

coolinarika.com

Претходна статијаПред да ја измиете косата, пробајте ја оваа маска која и најоштетената коса ја враќа во живот
Следна статијаЗа неколку минути ослободете се од синусната инфекција со помош на овој моќен домашен препарат