КРЦКАВИ ПИНЕРЛИИ СО КОРИ…Секој може да го направи овој едноставен рецепт за вкусни печива со сирење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 парчиња готови кори или 1 пакување обични кори 500 г

За прелив:
1 чаша (од 200 мл) брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
1 мало шише газирана вода (300-500 мл)
1 чаша масло (250 мл)
4 лажици јаболков оцет

За фил:
1 чаша полномасно ситно фета сирење
за премачкување и посипување:
жолчка, црн ким, сусам

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете ги сите наведени состојки за преливот и добро промешајте. Газираната вода додавајте ја постепено за да одредите колку ќе ви биде потребно.

Смесата треба да има густина како тестото за палачинки.

2.ПО 2 КОРИ ПРЕМАЧКАНИ СО ПРЕЛИВ, ПА ФИЛ: Без разлика на видот на корите кои ги имате, постапката е иста. Секоја од корите ја премачкувате со приготвениот фил, една врз друга.

Ги сечете на триаголници или правоаголници, како ви е полесно. На едниот (поширокиот) крај ставете фил по вкус, преклопете од страните за да не истекува при печењето и свиткајте како кифла или ролничка.

3.Печивата редете ги во плех обложен со хартија за печење и премачкајте ги со жолчка од јајце. Посипете сусам и црн ким.

4.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/t-IzfOANeTg?si=9IqPqydy9u1bqfP2