Крцкави и вкусни кифлички со сирење направени од готови кори…Доколку барате брз и вкусен рецепт, овие кифли-ролнички со сирење направени со готови кори се совршен избор!
Подготовката е едноставна, а резултатот се меки, сочни и миризливи кифлички кои се топат во уста. Без разлика дали ќе ги направите за појадок, ужина или лесна вечера, сигурно ќе ви се допаднат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл:
500 г кори за пита
ПРВ ФИЛ (помешајте сѐ):
3 јајца
1 лажичка сол
1 чаша масло
1 чаша течен јогурт
3 лажици брашно
1 прашок за печиво
ВТОР ФИЛ:
500 г свежо сирење
сол по вкус
ПОСТАПКА:
Наредете 4 кори една врз друга и секоја премачкјате ја со првиот фил. Исечете 4 ленти, а потоа секоја лента исечете ја дијаголнално, да добиете 8 долги триаголници.
На поширокиот крај од секој триаголник ставете сирење и свиткајте кифла. Наредете ги во плех, премачкјате ги со преостанатиот фил, посипете ги со сусам и ставете да се печат во загреана рерна на 200°C додека да заруменат.
Деталната постапка погледнете ја во видеото ОВДЕ: