Доста прецизен тест кој го опишува вашиот карактер.
Само одберете ја вашата висина.
За жените високи над 180 см важи истото што и за оние од 170 см.
140-150 cm
Паметна и мудра жена, вие сте мислител. Вашите мисли и идеи се најважната работа. Сакате во самотија да размислувате за своите планови, ставови и погледи.
Вие сте интровертна личност. Ви одговараат луѓе кои сакаат да мислат и да учат. Доста време поминувате во размислување за моралот.
Се обидувате да постапувате правилно, па дури и кога повеќето не се согласуваат со вас.
150-160 cm
Прониклива и филозофски настроена, вие сте единствена во духовна смисла. Покрај вас ви нема никој сличен. Многу сте интуитивни и малку чудни.
Честопати ве сфаќаат погрешно и тоа ве разочарува.
Вам ви е потребен личен простор. Треба да ја развивате својата креативност. Вие сте личност која ласно ги гледа темните но и светлите страни на животот. Многу сте емотивни.
160-170 cm
Вие сте интересна и возбудлива личност. Ја сакате вистината и искреноста. Вие сте одговорна и сакате да се грижите за другите.
Верувате во чесна работа и лесно преземате одговорност. Имате добар карактер и другите имаат доверба во вас.
Вие сте силна, комуникативна, брза и духовита личност.
Секогаш постои нешто интересно што можете да им го раскажете на другите. Ве сакаат и омилена сте во друштво.
170-180 cm
Сигурна и доминантна личност. Многу сте независни. Вашето мото е – “Направи сам”. Се потпирате сама на себе.
Знаете како да останете силни за себе и за другите луѓе, за оние кои ги сакате.
Вие знаете што сакате од живото и не се плашите да се соочите со предизвиците.
Единствено што барате од другите – е да бидат искрени со вас. Секогаш ја сакате вистината, па каква и да е таа.