Колачот е многу вкусен, се топи во уста, излегува многу а доста е евтин.

Потребни состојки (користете чаша од 200 мл за состојките): 1 јајце, 1 чаша шеќер, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша млеко, 1 чаша брашно и ½ прашок за печиво. За крем: 2 пудинг од ванила, 6 лажици шеќер, 600 мл млеко, 200 г путер и чоколадо

Постапка: Во еден сад прво измешајте го јајцето и шеќерот, па потоа додадете ги и останатите состојки, па сето добро измешајте го.

Колач за секој ден

Плехот (средна величина) намастете го и излејте ја смесата. Печете 35 минути на 180 степени.

Кремот пригответе го така што ќе го сварите пудингот во млекото со шеќерот. Оставете да излади па додадете путер и изматете.

Колач за секој ден

Откога убаво ќе го изматите кремот, нанесете го врз печената и изладена кора. Врз колачот изрендајте чоколадо и ставете на ладење.

Колач за секој ден