Со оглед на тоа дека живееме во стресно време, често може да се случи, што од стрес, што од премасна и прекалорична храна, да ни скокнат маснотиите (холестеролот) во крвта над дозволените граници.

Еве одличен рецепт како да се реши овој проблем без лекови (статини), за кои лекарите велат дека ги препишуваат во случај да не може да се контролира холестеролот во нормални граници, откако сте ги испробале сите диети и доколку станува збор за генетика.

Веројатно повеќето сте случнале за овој лек, но имаме сведоштво од наш читател кој тврди дека резултатите за многу кратко време успеал да ги доведе речиси во нормални граници. Станува збор за 45 годишен маж кој откако на редовна контрола на крвта му биле констатирани покачени вредности на холестеролот, решил да спроведе диета и без лекарства да ги намали мастите.

Како што тој вели, од диетата веднаш се откажал зошто не можел премногу да се воздржува од храна, но затоа се распрашал за природни лекови и природни начини кои би можеле да му помогнат. Така дознал за овој природен лек чиј рецепт ќе го прочитате подолу, како и за суплементите кои редовно ги пиел секое утро, заедно со лекот. Имено, станува збор за крилово масло и екстракт од црвен ориз.

крилово масло и екстракт од црвен ориз

Во прилог ги ставаме и фотографиите што ни ги испрати читателот, но мора да напоменеме дека не станува збор за реклама на производите. Крилово масло и црвен ориз можете да купите од секоја аптека од најразлични производители.

Потребни состојки:

3 лимони домашни, непрскани
30 средни чешниња лук или 3 големи главици
1 литар вода

Постапка:

Лимонот добро измијте го со сода бикарбона а лукот излупете го. Заедно сомелете ги во блендер или во машина за мелење месо. Лимонот не го лупете, потребна е и кората.

Водата ставете ја на оган да зоврие, па додадете ги мелениот лимон и лук, колку да проврие кратко и веднаш тргнете на страна. Оставете покриено да излади најмалку 12 часа на ладно.

лук и лимон

Потоа процедете низ газа и складирајте во стаклено шише. Чувајте добро затворено во шише. Оваа доза е доволна за десет дена.

Употреба: секој ден треба да се испие по 100 мл од лекот, распоредено трипати во денот, по 33 мл.

Кога ќе го испиете целото шише, потребно е да направите пауза од 20 дена, па да се повтори. На овој начин лекувањето трае вкупно 6 месеци.