Колач со јаболка и ореви, многу брзо и едноставно се приготвува, сочен, се топи во уста – оди сè по 1 чаша

Ова е многу едноставен и фин колач, залиен со малку сируп, а направен со многу љубов за татко ми. Тој не сака торти, ниту колачи со филови, туку токму вакви, залиени со сируп колачи…

Потребни состојки:

6 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша брашно
1 чаша гриз
1 чаша масло
1 чаша рендани јаболка
1 чаша мелени ореви
1 прашок за печиво

За сируп:

1,5 чаша вода
2 чаши шеќер

Постапка:

Loading...

Јајцата не треба да ги делите на белки и жолчки. Само изматете ги со шеќерот додека да добиете пенаста смеса. Потоа додадете масло и продолжете да матите.

Брашното, прашокот за печиво и гризот измешајте ги заедно, па додадете ги во смесата од јајца и повторно малку изматете. Додадете ги оревите, малку изматете и на крај додадете ги ренданите јаболка.

Убаво промешајте да се изедначи смесата.

Тепсија со димензии 37х23 см (или приближно) намастете и набрашнете, па излијте ја во неа приготвената смеса. Печете го колачот во загреана рерна на 190 степени околу 35 минути.

Сварете го сирупот и изладете го. Сирупот може да го направите пред да го ставите колачот на печење.

Кога колачот ќе се испече, оставете го неколку минути и потоа полијте го со изладениот сируп.

Напомена: овој колач не е сочен како баклава, туку само влажен, а кој сака да му биде повеќе сочен колачот, нека свари повеќе сируп. Моите шолји беа од 200 мл, но можете да користите шолји и од 250 или 300 мл, само мерете ги сите состојка во иста шолја.

Loading...