Ова е најмеката посна погача во вид на ружа, со многу едноставна подготовка.

Потребни состојки: 800 г брашно, 150 мл газирана вода, 100 мл вода, 200 мл масло, 1 лажица шеќер, 2,5 лажички сув квасец, 1 лажица шеќер и 2 лажички сол. И уште: 125 г посен маргарин, 1 лажичка крупна сол

Постапка: квасецот замесете го со млака вода, шеќер и лажица брашно, па оставете да се активира. Брашното измешајте го со солта, па додајте го активираниот квасец, млака газирана вода и масло, па замесете мазно, еластично тесто кое не лепи на раце.

Прекријте го тестото со проѕирна фолија и оставете го да стасува додека да се удвои. Потоа развлечете го во правоаголна кора со дебелина од мал прст. Врз кората изрендајте маргарин и свиткајте ја како ролат. Ролатот исечете го на 7 еднакви делови и наредете ги во намастен плех или калап како на фотографијата.

Оставете го тестото да стасува, па потоа малку засечете го со ножици (на секое парче-ролат направете крст), па премачкајте малку со вода, ставете по некоја коцка маргарин и наросете со крупна сол.

Погачата печете ја во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени, а потоа можете да ја превртите за да добиете облик на ружа.