Колач од кутија за сладолед, без печење за 15 минути готов

Ова е многу лесна, сладолед – торта која не е “тешка” и доста освежува.

Потребни состојки:

400-500 г бисквити
400 мл слатка павлака
4-5 лажици шеќер во прав
1 лажица ванилин шеќер
1-1,5 лажица какао

За глазура:

60-70 г чоколадо за готвење
100-120 мл слатка павлака

Постапка:

Слатката павлака, шеќерот во прав и ванилин шеќерот ставете ги во еден сад и изматете ги со миксер додека да добиете густ крем.

Добиената смеса поделете ја на два дела: едниот останува бел, а во вториот додадете какао за да добиете кафеав крем.

Земете една правоаголна кутија од сладолед и обложете ја со проѕирна фолија. На дното ставете половина од белиот крем. Врз кремот наредете бисквити, а врз бисквитите ставете го остатокот од белиот крем.

Потоа наредете бисквити, половина од кафеавиот крем, бисквити и остатокот од кремот. Завршете со уште еден слој бисквити.

Покријте ја тортата со фолија и ставете ја во фрижидер околу 1-2 часа за да се стегне.

За глазура сварете слатка павлака, но внимавајте да не ви зоврие – веднаш тргнете ја од рингла. Додадете во неа чоколадо и промешајте за да се соедини.

Извадете ја тортата од фрижидер, тргнете ја фолијата и внимателно свртете ја на тацна или на капакот од кутијата. Истурете ја глазурата преку тортата, изладете ја уште малку, украсете по желба и послужете.

Loading...