Ова е еден од најдобрите и највкусните колачи, според мене кој не се пече и се прави буквално за неколку минути. Според рецептот на Алекдандар, направете вкусен колач кој не се пече и се го јадат оние кои сакаат да ослабат, но и да не им се подувува стомакот. Јас поради овој колач се откажав од останатите слатки и успеав да ја доведам посакуваната тежина.




Меѓу состојките се користат бадеми, но вие по вкус може да ставите лешници, ореви или некои други јаткасти плодови по ваш избор. Исто така, се користи замена за шеќер еритритол (наменет за дијабетичари), но вие може да користите засладувач по сопствен избор, како мед или јаворов сируп. Со овие природни засладувачи колачот излегува многу вкусен, испробано.




Овој диетален колач не содржи јаглехидрати и осмислен е токму за сите оние кои одлучиле да cлабеат, но сепак не можат да се „ослободат“ од јадењето на благо. Овој колач може да го јадете без грижа на совест, со него нема да се здебелите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 30 г крем сирење (филаделфија, маскарпоне, абц или некое друго свежо сирење), 30 г несолен путер, 30 г еритритол (erythritol) или друга замена за шеќер како мед и јаворов сируп, 100 г бадеми (или други јаткасти плодови), 1 супена лажица какао во прав (незасладено).




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете по 30 г од следниве состојки: крем сирењето, омекнатиот путер и засладувачот. Со лажица или шпатула добро измешајте ги состојките додека да се изедначат во хомогена смеса. Доколку сакате да направите поголема количина, соодветно зголемете ги состојките, ако колачот е наменет за повеќе луѓе.




Мешајте додека да добиете фина, мазна и кремаста смеса како основа која ќе ги поврзува јатките, а потоа можете да ги додавате останатите состојки. Добиената смеса тргнете ја настрана накратко, а во блендер сомелете ги суровите бадеми/лешници/ореви, а може да испробате и со микс од повеќе јатки.




По желба, бадемите претходно можете да ги истостирате во сува тава, на тивок оган колку да замирисаат убаво, но пред мелењето оставете да се оладат. Мелените бадеми додајте ги во кремастата смеса и сѐ повторно соединете.




Додајте една супена лажица какао, преполна до врв (најубав вкус има органското, квалитетно какао кое е потемно, бидејќи не содржи никакви други примеси). Добро измешајте ја смесата со лажица или шпатула, а на крај замесете го тестото со рака.




Потребно е убаво да се „слепат“ сувите состојки со кремот во хомогена смеса. Формирајте валјак, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го фрижидер да се олади и стегне, околу 2-3 часа. Потоа можете да го сечете на тркаца и да се сладите. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.