ДИЕТАЛЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА: без брашно, а толку е вкусно што постојано ќе го јадете. Рецепт на Совршени Рецепти. Овој десерт со јаболка и уште една состојка е совршен диетален колач, многу е вкусен, лесен, а содржи многу малку шеќер, 50-тина грама на целата таа количина..




Во рецептот на овој десерт се користи готов сос од јаболка (слично на мармалад), но се прави од сируп. Оние кои не сакаат да користат бел шеќер, може да употребат некоја замена. Ние ќе ви претставиме како да го направите сосот дома, а се подготвува многу лесно, сличен е на оној кој се прави за пита со јаболка.




Потребни состојки за сосот од јаболка: 4 јаболка, 3/4 чаша вода или 170 мл, 1/4 чаша шеќер или 57 г. За колачот: 400 г сос од јаболка и инстант желатин отприлика околу 16 г (една кесичка или кесичка и пол). Патем, желатинот е многу корисен за коските и кожата.




Постапка за подготовка на сосот од јаболка: Јаболката се лупат, од нив се вади дршката и семките па се сечат на мали коцки. Потоа се ставаат во тенџере на средна температура и се додава водата и шеќерот. Наместо шеќер може да користите мед, како поздрава варијанта.

Малку се промешува, па се остава јаболката да омекнат. Кога ќе забележите дека малку омекнале, поклопете го тенџерето со капак и намалете ја температурата на ринглата на тивко и оставете да се крчка уште 20-25 минути.




По изминатото време, испасирајте ја смесата како благо пире, па во неа додајте го желатинот. Оставете желатинот да се растопи околу 5 минути на тивок оган, па смесата префрлете ја во посебен сад.




Потоа изматете со миксер околу 15-тина минути додека да се добие пенаста структура, слична на шлаг. Оваа смеса се префрла во коцкаст или помал правоаголен калап со поставена проѕирна фолија и во него се прелива колачот.




Се завиткува во фолијата, и се става во фрижидер на ладење околу 30-40 минути. Потоа десертот се сече на коцки, помали или поголеми по ваш избор и се послужува.

Деталите од целата постапка за подготвување на колачот може да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а за подготовка на сосот од јаболко погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и вториот рецепт за колач со две јаболка и гриз, сигурни сме дека ќе ви се допадне:




II РЕЦЕПТ. Брзо, лесно, неодоливо: старински, евтин колач од јаболка, најдобар и најлесен рецепт. Потребен ви е колач кој брзо се приготвува? Тогаш, овој сочен колач со јаболка е вистинскиот избор, бидејќи се приготвува еднноставно и брзо, а притоа е многу вкусен.




Сочните јаболка и јогуртот му даваат посебна свежина на колчот во кој навистина ќе уживате ако го направите. Потребни состојки: 4 јајца, 100 г мелени ореви, 100 г гриз, 50 мл масло, 100 г шеќер, 2 јаболка со средна величина, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 200 мл јогурт, малку цимет и 2 раце суво грозје или по вкус.

Постапка: Одвојте ги белките од жолчките, па пенасто изматете ги со 3-4 лажици шеќер. Матете додека да добиете цврст снег, па додајте ги жолчките, гризот, прашокот за печиво, мелените ореви, јогуртот, ренданите јаболка (исцедени со раце), сувото грозје, маслото и на крај цимет по вкус.




Со шпатула или лажица полека промешајте од долу кон нагоре за да се изедначат состојките, но малку да се сочува смесата воздушеста. Калап со обрач за торти 21 или 22 цм, обложете го со хартија или намастете го со путер. Излејте ја смесата и израмнете.




Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути. После првите 15 минути прекријте го со фолија за да се заштити да не загори одозгора. Печениот колач оставете го малку да подизлади, па отстранете го обрачот и колачот превртете го врз чинија за послужување и отстранете ја хартијата. Одозгора наросете со ванилин шеќер. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.