После овој рецепт, повеќе нема да ја пржите рибата и нема да си ја валкате кујната, ниту ќе ви замирисува. Осличот излегува сочен, мек и многу вкусен, а тоа се должи на една тајна, која може да ја прочитате подолу во постапката на подготвување. Осличот е една од нашите омилени риби, кои се достапни за секој да може да си ја подготви.

Мајка ми и свекрва ми никогаш не подготвувале пржен ослич, а ова е нивниот рецепт, за кој сите кажуваат дека е еден од повкусните. Рибата не „плива“ во длабоко масло и е многу полесно да се подготви на овој начин. Може да ја послужите со варен и закиселен компир.

Осличот излегува крцкав однадвор од маринадата, а сочен однатре. Ова е еден од најлесните начини да подготвите риба за кратко време, без да се потрошите многу и да си го заштедите времето.  Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: ослич риба, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка лук во прав, мешавина од суви зачини (вегета, италијанска мешавина..), 1/2 лажичка црн пипер, 1 лажичка црвена зачинска пиперка, 30 мл масло, 2-3 главици кромид.

ПОСТАПКА: Набавете си парчиња ослич според вашите потреби, а потоа исчистете ја рибата. Отсечете ги перките, а потоа исчистете ја од кожата и утробата. Во рибарниците најчесто рибата е веќе подготвена, само треба да се зачини и да се подготви. Исто така, може да набавите и замрзната риба, која е веќе спремна и исчистена.

Осличот исечете го на помали парчиња или на половина. Мајка ми и свекрва ми не ја сечат рибата, ја оставаат подолга за да изгледа интересно во плехот. Доколку рибата е влажна, избришете ја со салфетка. Во еден плех наредете го осличот и зачинете со 1/2 лажичка сол или по вкус и добро натапкајте од сите страни.

Потоа, додајте го лукот во прав, мешавината од суви зачини, црниот пипер и црвената зачинска пиперка. Втријте ги сите зачини во секоја риба со натапкување. Покријте го плехот со стреч-фолија и оставете да се маринира во фрижидер, околу 30-тина минути, а ако имате време може да ја оставите и подолго.

Исечкајте ги главиците кромид на полупрстени, па наредете ги во плехот, а одозгора ставете го осличот. Врз рибата полијте со малку масло и ставете на печење во загреана рерна на 190 степени, 30-35 минути, под хартија за печење.

Рибата може да ја подготвите и во кеса, каде што ќе ги ставите зачините и ќе измешате со протресување, доколку така ви е полесно. Тајната е во тоа што кромидот ги испушта своите вкусни сокови при печењето и рибата ги впива и станува многу вкусна. Деталите за маринада во плех погледнете ги ОВДЕ, а за маринада во кеса, погледнете ги ОВДЕ.