КОЛАЧ БЕЗ БРАШНО, ШЕЌЕР И МАСЛО…Го јадам во 18 часот како последен оброк и ме држи сита до следниот ден…Овој колач особено ми помага во мојата диета наречена „автофагија“ (прочитајте повеќе овде). Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
стевија или засладувач по ваша желба и вкус
20 г какао во прав
200 г моркови
90 г овесни снегулки
4 г прашок за печиво

За глазура:
30 г чоколадо без шеќер
30 мл млеко или течна павлака

Вредност на 100 грама:
169 kcal
8 г протеин
7.5 г масти
17 г јаглехидрати
мал силиконски калап 15 или 16 см

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата и додајте лажичка засладувач по желба. Сомелете ги морковите во блендер и измешајте ги со јајцата.

2.Додајте мелени (во брашно) овесни снегулки, какао и прашок за печиво. Промешајте и соединете ги состојките. Ќе добиете смеса со аморфна конзистенција на влажен песок.

3.Можете да полните калапи за мафини или некој помал калап. Ако немате силиконски, тогаш користете хартија за печење или калапот намастете го и посипете го со брашно.

Сипете ја смесата во калапот и израмнете. Печете во загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути.

4.Растопете го чоколадото со млеко и глазурата сипете ја врз печениот колач. Декорирајте по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.