Ги лекував жените од рак, а потоа и јас самата заболев – ова е небична исповед на д-р Слаѓана Филиповиќ, онколог од Ниш.

Проф. д-р Слаѓана Филиповиќ, онколог, интернист, ендокринолог, го посветила својот професионален живот за да им помогне на болните од рак и да ги лекува.

Истовремено таа и самата заболела од рак, па открива кои догми да ги одбегнуваме и што да практикуваме.

Колку животот е непредвидлив знаат многумина, а меѓу нив и оваа докторка, една од водечките онколози во регионот. Целиот свој професионален живот им го посветила на заболените од рак, особено на жените со рак на дојка.

Таа е основач на клиниката за онкологија при Клиничкиот центар во Ниш и Катедрата за онкологија при Медицинскиот факултет и предавач на Европската онколошка школа.

После 40 години работа на Клиниката и Медицинскиот факултет таа се пензионирала, но не одмора, нејзината професија е нејзина љубов, па во својата приватна ординација ОнкоАС-Ниш ја продолжува својата професионална работа.

“Кога го работите она што го сакате, никогаш не сте уморни” – вели професорката Филиповиќ.

“Во животот само она што го давате е навистина ваше. За да постигнете најдобар исход, освен неопходното лекување на телото (со хирургија, цитостатска, радио, хормоно, молекуларна, онкоимунолошка терапија), неопходно е и лекување на душата – вели оваа докторка.

“Самата себеси си дијагностицирав рак на дојка пред 10 години. Во својот кабинет на Клиниката за онкологија во Ниш примав цитостатска терапија, но после тоа не одев дома. Веднаш откако ќе ми ја извадеа иглата од рака, ја повикував следната пациентка на преглед.

Болните жени отсекогаш добро ги разбирав, но откако и самата се разболев, го слушам и она што не го кажуваат. И тие имаат дополнителна доверба во мене, бидејќи знаат дека на своја кожа ја осетив целата тежина на оваа болест – раскажува докторката.

Таа се потсетува дека особено тешко и паднало во моментот кога дознала дека е болна, бидејќи нејзината ќерка Александра била на половина од својот докторат на Империјал колеџот во Лондон.

-Мојот најголем страв беше да не се откаже Александра од докторатот, бидејќи и таа исто онколог и се занимава со рак на дојка. Потоа ми се редеа слики од моите пациентки во различните фази од болеста. И секако, ми се појави стравот од смрт.

Си реков себеси: “Најголемиот страв е од самиот страв. Мора да живееш храбро и да направиш сè за да си обезбедиш себеси што подобра прогноза и поквалитетен живот.”

Ги примив сите предвидени терапии за мојот тип на пумор – операција, цитостатска, молекуларна и хормонална терапија.

Свесна дека секоја болест од најобична кашлица па до рак, започнува од мозокот, па затоа започнав да одам на психоанализа. Особено кога станува збор за рак, неопходно е освен телото да се лекува и душата – вели докторката.

Таа нагласува дека болните жени мора да ја прифатат болеста и да научат да го живеат храбро својот живот.

-Ракот на дојка е аларм дека некој енски пристап станал препрека во совладување на ивотот. Најчесто од рак на дојка заболуваат девојки и жени кои екстремно се прилагодуваат на нормите. Жени кои се обидуваат сите да ги заштитат и на сите да им удоволат. Ги одбегнуваат промените во животот и имаат “одбранбен оклоп”.

Жените кои поради ракот ја изгубиле едната или двете дојки, го поминале целиот неопходен третман, соопштуваат на кој начин животот им се променил, пред сè во содржинска смисла. Конечно почнале да се сакаат себеси за може и другите да ги сакаат…повеќе не ја купуваат љубовта – објаснува д-р Филиповиќ.