Од оваа торта секогаш ми бараат едно парче плус, дури и оние кои не постат. Преубава комбинација од чоколадо и кафе со која не можете да погрешите. Тортата се приготвува во плех со димензии 27х18 см, а чашата со која мерат состојките е од 200 мл. Смесата за тесто се дели на три дела, се печат три кори.

Потребни состојки: 3 шолји (од 200 мл) брашно, 2 лажички прашок за печиво, 2 шолји газирана вода, 3 полни лажички какао, 10 г ванилин шеќер, 100 г шеќер, 3 лажици џем (од кајсии или по избор), 6 лажици масло

за фил: 2 лажички нес кафе + 50 мл топла вода, 3 лажички шеќер, 10 г ванилин шеќер, 200 мл газирана вода + 100 г шлаг и 100 г посно чоколадо + 3 лажици масло

Постапка: Во сад за матење ставете брашно, две лажички прашок за печиво и две шолји газирана вода, па изматете со миксер. Постепено додека матите со намалена брзина додадете 100 г шеќер, 10 г ванилин шеќер, 3 лажички какао, 3 лажици џем и 6 лажици масло.

Продолжете со матење додека да се изедначи смесата. Добиената смеса поделете ја на три дела. Првиот дел веднаш ставајте го во плех (27х18 см) обложен со хартија. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 минути, 15-20 минути. Испечете три вакви кори. Печените кори покријте ги со влажна крпа.

За фил: во една шолја растворете 2 лажички нес кафе и 3 лажички шеќер со 50 мл топла вода. Изматете со миксер за нес кафе додека да добиете пена. Во сад за матење ставете 100 г посен шлаг, раствореното кафе, 200 мл газирана вода и 10 г ванилин шеќер. Изматете додека да добиете шлаг.

Редење: кора, 1/3 фил, кора, 1/3 фил, кора, 1/3 фил. Сочувајте малку од филот за прекривање на целата торта.

Глазура: растопете 100 г посно чоколадо со 3 лажици масло на многу тивок оган или на пареа, па прелијте ја одозгора тортата. Деталите можете да ги погледнете во видеото: