Овен

Овните се оние кои ќе имаат најмногу стабилна финансиска состојба во месеците пред нас и дури може да се надевате на сериозни дојдовни суми. Среќници сте!

Бик

Не се очекуваат посебни потреси во финансиската состојба на биковите во март. Ќе имате редовни трошоци околу почетокот на месецот, а вљубените претставниците на знакот може да трошат повеќе пари за саканиот/ата.

Близнаци

Близнаците ќе треба да го стегнат ременот во март. Не сте свесни со каква точно сума ќе располагате додека поводите за трошење ќе ви се множат. Добро е што некои од нив ќе се намалат.

Рак

Во првата половина на месецот, финансиската состојба ќе ви се стабилизира. Затоа, не трошете многу средства, за да може да се справите добро и со втората половина од месецот, кога работите нема да се толку розови. Малку штедливост и сè ќе биде во ред!

Лав

Лавовите исто така може да се радуваат на стабилна финансиска ситуација во . Нешто повеќе – ќе имаат зајакнување на стабилноста на материјалната положба.

Девица

Кога човек ќе добие повеќе пари, почнува да троши повеќе. Тоа со цела сила ќе важи за Девиците во март. Така, уште во средината на месецот може да се најдете на црвено, па – направете си ја добро пресметката. Во секој случај, ова е ваш месец!

Вага

Во март не очекувајте прилив на средства од најсигурните извори. Приходите ќе дојдат од неочекувани места. Ситуацијата нема да е критична – во последен момент ќе се појави решение на проблемот.

Шкорпија

Периодите на добивање на пари овој месец се на почетокот и крајот, а големите трошоци, во средината. Некои претставници на знакот ќе имаат и изненадувачки приходи, но тоа ќе биде само кај оние кои успеваат да се прошират во бизнисот.

Стрелец

Во овој месец ќе треба да ги направите своите вложувања. Запомнете дека, кој не ризикува – не победува. Трошоците ќе се зголемуваат со текот на времето. Предупредени сте!

Јарец

Првата половина на март е поволен период во однос на финансиите за претставниците на знакот Јарец. Тогаш ќе бидат успешни трансакциите поврзани со недвижен имот, обликување на услови за кредит. Може да сметате на финансиска поддршка во момент во кој имате потреба од неа.

Водолија

Во март вe очекуваат многу трошоци поврзани со личниот живот, особено ако имате и ученик. Во истиот момент ваш пријател ќе ви побара позајмени пари што сериозно ќе го дестабилизира вашиот буџет. Направете си ја добро математиката.

Риби

Финансиската прогноза е релативно поволна. Паричните средства ќе доаѓаат, како што очекувате, без да има одложувања. Но заедно со тоа ќе се зголемуваат и приходите. Може да се потрудите да вратите стар заем.