ИЗМЕШАЈТЕ СÈ И СТАВЕТЕ ВО ФРИЖИДЕР: Вкусен десерт од 3 состојки, без шеќер и без печење. Рецепт на Вкусна Минута. Многу вкусен ролат кој ќе го подготвите за помалку од 5 минути. Иако има малку состојки, има богат вкус.

Потребни состојки: 30 г ореви, 200 г банани, 40 г оризови галети, 30 г какао. По желба може да ги дуплирате состојките за да добиете поголем ролат бидејќи веднаш ќе се изеде.

Покрај тоа, ролатот е диетален, нема вештачки шеќери, ниту масло во него.

Постапка: Ситно исечкајте ги оревите на даска за сечење. Бананата испасирајте ја како пире во еден сад. Потоа земете ги оризовите галети и со раце кршете ги на мали парчиња, па додавајте ги во испасираното пире од банана.

Додајте го какаото (по вкус) и на крај наросете со мелените ореви. Сета смеса соединете ја и префрлете ја на проѕирна фолија. Завиткајте ја смесата во најлонската стреч-фолија и формирајте подебел ролат.

Ролатот се става во фрижидер заедно со фолијата и се остава да се стврдне најмалку 30-тина минути (по можност и повеќе), а се вади од фрижифер 10 минути пред послужување и се сече на помали крукчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Ролат со банани и бисквити (посен), лесно се прави за 15 минути и количински доста го има. II РЕЦЕПТ – Посен ролат со банани и бисквити, лесно се прави за само 15 минути е готов и количински го има доста. Многу вкусен ролат, лесен и едноставен.

Потребни состојки: 350 мл вода, 150 г маргарин, 50 г чоколадо, 4 лажици какао, 100 г суво грозје, 2 лажици рум, 100 г желе бонбони, 450 г посни бисквити, 3 банани, 2-3 лажици сок од лимон, кокос.

Постапка: Бисквитите искршете ги, желе бонбоните исечкајте ги, сувото грозје измијте го во вода и прелијте го со рум малку да набубри. Во сад на оган ставете вода, маргарин и чоколадо да се растопат, па додајте какао и мешајте со лажица да се соединат состојките.

Тргнете од оган и додајте го сувото грозје, сечканите бонбони и кршените бисквити. Сето добро промешајте да се соедини. На испружено парче фолија наросете малку кокосово брашно, па истурете ја топлата смеса по целата должина, да биде 40 цм.

По цела должина во средината наредете банани кои претходно сте ги излупиле и полиле со лимонов сок, па свиткајте во ролат со помош на фолијата и оставете да се стегне во фрижидер. Потоа можете да го декорирате по ваша желба, со шлаг, чоколадна глазура…

III РЕЦЕПТ- Ролат со кршени бисквити посен стар рецепт – едноставна и брза подготовка. Во групата НМД рецепти нашата драга членка Светлана Карапетровска Македонска нè потсети на овој стар рецепт за превкусниот ролат со кршени бисквити.

Многу брза и едноставна постапка, а резултатот – се топи во уста! Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска – За да го приготвите овој вкусн ролат ќе ви бидат потребни следните состојки: 1 кг бисквити посни, 3 чаши од 200 мл вода, 2 чаши од 200 мл шеќер и 1 какао (100 г)

Постапка: Шеќерот, водата и какаото ставете ги во некој подлабок сад, на оган и загревајте на умерена температура додека да зоврие смесата а сотојките да се растопат. Добиената смеса се прелива врз искршените бисквити. Се прават ролати и одозгора се наросуваат со кокос.

Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска