ПИТА СО СИРЕЊЕ СПРЕМНА ЗА 5 МИНУТИ
Овој брз и вкусен солен колач со сирење е совршен избор за секојдневен оброк или неочекувани гости – се подготвува за миг, а резултатот е мек, мирисен и неодолив, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
4 јајца
мала лажичка сол
100 мл масло
100 мл млеко
250 мл течен јогурт
120 г брашно
1 прашок за печиво
сирење (фета или друго по желба)
НМД
Постапка:
Изматете ги јајцата со жица и додајте мала лажичка сол. Потоа додајте 100 мл масло, 100 мл млеко и 250 мл јогурт. Сè убаво измешајте.
На крајот додајте 120 г брашно измешано со еден прашок за печиво. Матете добро за да нема грутки – смесата треба да биде мазна.
Половината од тестото истурете го во калап со пречник од 28 см претходно обложен со хартија и печете 12 минути на 200 степени.
Потоа извадете го, додајте ситно сирење по желба, прелијте го со преостанатото тесто, посипете малку сусам и вратете го во рерната. Печете уште 25 минути, додека убаво порумени.
И тоа е сè – совршен, мека и мирисна пита, подготвена за сервирање! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:












