ИТАЛИЈАНСКИ ПРИНЦЕС КРОФНИ: Тестото се прави полесно и побрзо, а кремот за само 5 минути – неодоливо меки и вкусни…

Принцес крофните се совршено уживање за секој ден, но и за свечени пригоди. Принцес крофните или профитеролите се француски деликатес кој е популарен низ целиот свет и се прави од варено тесто и прекрасен фил од ванила.

Бидејќи тестото има неутрален вкус, можете да направите и принцес крофни во солена варијанта, така што ќе ги наполните со пр. pуска салата. Италијанците ги прават наједноставни и без грешка, а овој рецепт ќе им одговара на сите.

За филот користете изматена слатка павлака, бидејќи е побрзо, но можете да користите и оригинален крем од ванила, па дури и фил од два слоја, ванилин и од шлаг.

Швеѓаните се познати по најкреативните рецепти за овој деликатес. Постои цела традиција која диктира каква боја на принцес крофните е соодветна за кој празник: жолта за Велигден, црвена за Божиќ, бела за свадби, принцес крофни со портокалова боја за Ноќта на вештерките. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

120 г брашно
70 г путер
100 мл вода
100 мл млеко
2 јајца
За фил:
200 мл шлаг
шеќер во прав

ПОСТАПКА:

Во тенџере измешајте вода и млеко, па оставете да зоврие. Додајте го путерот и варете додека да се растопи, а потоа исклучете го шпоретот и истурете го брашното.

Мешајте цело време додека да добиете тесто, 2-3 минути. Кога ќе се олади додајте ги јајцата едно по едно и соединете ги со тестото. Вадете со лажица и ставајте на плех обложен со хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 200°C со вентилатор околу 20 минути, а потоа намалете на 180°C и печете уште 20 минути. Отворете ја малку рерната и оставете ги да се изладат внатре.

Изматете ја слатката павлака и истурете ја во готварска кеса, па наполнете ги крофните. Посипете со шеќер во прав. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ.