ГРИЗ ПИТА СО ЈОГУРТ…Или хармоника, гужвана пита…Кога ја пробаа гостите, веднаш побараа рецепт…Воздушеста, мека и сочна пита со сирење…
Доколку ја направите оваа пита, пишете ги вашите впечатоци во коментар. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г кори за пита
За смеса:
3 јајца
сол по вкус
200 мл течен јогурт
300 гр урда/ситно сирење
200 мл газирана вода (или обична)
80-100 мл масло
2 лажици гриз
1/2 лажичка прашок за печиво
сусам за посипување одозгора
ПОСТАПКА:
Измешајте ги јајцата со малку сол, урда, гриз, прашок за печиво, масло, газирана вода и јогурт. Калап 36х20 см намастете го со масло. Ставете една кора на дното, а другите диплете ги како хармоника и редете ги една до друга.
Сипете ја смесата одозгора и фино распоредете ја за да навлезе насекаде. оставете да одмори 15 минути, посипете ја со сусам и ставете да се пече во загреана рерна на 230 степени. намалете на 200 и печете 30-40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: