Гравот е одличен извор на растителни влакна. Влакната штитат од срцеви заболувања, висок холестерол, висок к рвен притисок и дигестивни заболувања. Гравот е одличен начин да добиете немасни, нискокалорични протеини кои веќе содржат растителни влакна и јаглехидрати.




Помага при слабеење

Ако имате навика да јадете грав, најверојатно имате помала телесна тежина, потенок струк и индекс на помала телесна маса. Истражувањата покажуваат дека дебелите мажи на диета богата со протеини изгубиле поголема тежина со грав како главен извор на протеини.




Го зајакнува здравјето на вашето срце. Ќе му направите голема услуга на вашето срце ако го направите гравот редовен дел од вашата исхрана. Студиите покажуваат дека ЛДЛ може да го намали „лошиот“ холестерол.




Добра храна за контрола на дијабетесот. Се чини дека јадењето различни видови грав не само што помага во спречување на дијабетес, туку исто така помага во контролирање на високиот шеќер во к рвта, што е и причина и симптом на болеста.




Обезбедува магнезиум. Магнезиумот помага во изградбата на протеини и коски и го стабилизира шеќерот во крвта. Црниот грав е особено добар извор со 120 милиграми во една чаша.




Што се случува во телото кога јадете грав?

Нутриционистите откриваат како гравот влијае врз здравјето, но и на кој начин може да се спречи подуеноста на стомакот кој тој ја предизвикува.

Гравот е една од омилените намирници во Македонија, а Тетовчани се особено познати по нивниот највкусен „тетовски грав“. Гравот е омилен и пошироко во регионот, а најчесто се приготвува во форма на чорбесто вариво и печен во рерна, попознат како „тавче гравче“.




Оваа намирница е преполна со влакна и протеини, а јадењата приготвени со грав долго време нè држат сити. Нутриционистката Мишел Зајв додава дека гравот е добар извор на железо, магнезиум и калиум.




Значи, за ова краткотрајно влијание на сите ни е јасно – од гравот ќе бидеме сити и ќе внесеме добра доза на важни нутриенти, а еве како редовната консумација влијае врз целокупниот организам.




ЗДРАВЈЕ НА ЦРЕВАТА

Пробиотиците не се единствениот начин за подобрување на микрофлората и функцијата на цревата. Нутриционистката Зајв вели дека гравот содржи отпорен скроб кој поспоро се дигестира, исто како и диеталните влакна.




„Отпорниот скроб се движи низ дигестивниот тракт и на крај завршува во дебелото црево каде со него се хранат бактериите“, појаснува нутриционистката. Овој процес е многу важен за јакнење на имунолошкиот систем.




ГАСОВИ

„Гравот содржи голема количина на сложени шеќери, наречена рафиноза. Телото поспоро ја разградува рафинозата и поради тоа се јавуваат гасови. Покрај тоа, гравот содржи изобилство од диетални влакна, кои исто така предизвикуваат подуеност и гасови“, вели нутриционистката.

Ако редовно јадете еден грав, гасовите најверојатно ќе поминат сами по себе со текот на времето, бидејќи телото ќе се навикне на варењето на оваа намирница. Покрај тоа, еден од начините за да се намали подуеноста по јадењето грав, е пред тоа да отстои потопен во вода во период од 12 до 24 часа, за да се измие вишокот на гореспоменатиот шеќер.

СЛАБЕЕЊЕ

Гравот е одличен избор на храна кога сакате да изгубите вишок телесна тежина, бидејќи содржи многу протеини и влакна, бидејќи подолго време ќе ве одржува сити. Нутриционистката Зајв открива дека една чаша варен грав содржи 12 грама влакна и 15 грама протеини!

СРЦЕ

Гравот е многу добар за здравјето на срцето, првенствено поради високата содржина на влакна и фолати. „Влакната ги снижуваат нивоа на гликоза во кр-вта и кр-вниот притисок и помагаат во одржувањето на здрава телесна тежина. Фолатите се исто така добри за здравјето на срцето и нервниот систем”, објаснува Зајв.

ХОЛЕСТЕРОЛ

Гравот содржи многу растворливи влакна, кои помагаат во намалувањето на холестеролот, вели нутриционистката. Истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави покажа дека секојдневното консумирање на варен грав, околу ¾ чаша, може да се поврзе со 5% понизок холестерол.