Нашите баби го правеле од дамнешни времиња, бидејќи е вкусен и лекува многу состојби, па оставиле одличен рецепт за ова вистинско течно богатство. Она што е важно е цветовите да се берат од еколошка чиста средина, подалеку од сообраќајниот метеж, во сончев и сув ден.




И секако, да не се обере сиот цвет од една грмушка, туку да им се остави и на пчелите за храна. Покрај тоа, наесен зрее плодот кој исто така многу е лековит, па од него се приготвува сируп и џем. Еве за што сè се користи бозелот:




-воспаление на грлото и крајници, синузитис, настинки, ревматоидни заболувања, астма, го чисти телото од токcини и го зајакнува имунитетот. Чајот од листовите се користи за кожни проблеми, а исто така го поттикнува излачyвањето на урината.




Рецепт за сируп од бозел без шеќер и конзерванси

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 свежо набрани цвеќиња бозел (на сончев и сув ден), 1,5 литар вода, еден лимон, стевиа или мед по потреба (може да се користи јачменов слад/малтекс, јаворов сируп)




ПОСТАПКА: Откако ќе се соберат цветовите, потопете ги во тегла или бокал со ладна вода. Оставете ги да отстојат еден ден на темно и ладно место. После тоа, исцедете ја водата низ газа, добро истискајте и додајте го исцедениот сок од еден лимон. Засладете со стевиа по вкус, а ако немате стевиа можете да користите и мед, јаворов сируп или јачменов слад.




СОВЕТИ КОИ Е ДОБРО ДА СЕ ЗНААТ: -Бидејќи се работи за рецепт кој не содржи конзерванс, доколку направите поголема количина сок, еден дел складирајте го во пластични шишиња и ставете го во замрзнувач, за да не се расипе сокот.




-Кога берете цветови од бозел, нека биде на сончево време, а изберете само зрели и големи цветови. -Најдобро би било бозелот да го берете во природа, на место каде што не поминуваат автомобили, или каде што растението не е загадено. Доколку сакате да направите сок со подолг рок на траење, прочитајте го следниот рецепт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 30 цветови бозел, 3 литри вода, 40 г лимонска киселина, 3 лимони, 3 кг шеќер. ПОСТАПКА: Потопете ги цветовите во вода со лимонска киселина и на кругови исечен лимон со кора. Добро измешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.




Следниот ден процедете го, па додајте шеќер и добро промешајте. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање. После 48 часа сирупот е спремен за складирање во стаклени шишиња. На овој начин можете да го чувате до една година на ладно и темно место.