ОВЕН

Многу лесно може да потпаѓате под туѓи влијанија во наредниот период од два и пол дена, а тоа се должи и на вашата љубопитност, нестрпливост, немарност, брзина и наклонетост кон драматизација на случувањата и настаните кои вам ви се случуваат или на блиски до вашата најнепосредна околина. Најлошото е тоа што немате доволно силна концентрација, па работите не можете да ги контролирате, а и својот ангажман, па нешто ќе биде направено или сторено многу површно и погрешно.

БИК

Ќе морате што повеќе внимание да насочите кон работата игнорирајќи ги проблемите со колегите како и општите тешкоти кои не ќе можете да ги решите. Немојте да брзате некои тешкотии ќе исчезнат сами по себе. Морате да бидете поладнокрвни и поупорни. Во љубовта можеби нема да се исполнат очекувањата од вашиот партнер, но ќе почуствувате дека сепак нешто добро се случува.

БЛИЗНАЦИ

Најголем проблем во следните неколку дена е вашата променливост, посебно на емотивен план, што другите ќе го доживеат како ваше често менување на расположението, па оттаму се наклонети да ве прогласат и за вакви и за онакви, бидејќи денес никој за никого нема време да навлегува во некакви подлабоки анализи на карактерот и да ги бара вистинските причини на однесувањето, не на други, туку и своето. Најчесто, ваквите нешта ќе се должат на некакво непризнавање на некое ваше залагање или напори.

РАК

Ќе ги избегнувате деновиве сите ситуации и можности да се најдете во некаква средина или околности кои не ви се познати, кои се необични и во кои не сте биле досега. Било односи, било некакви јавни промоции, настапи или присуства. Освен тоа ќе имате многу голема потреба да ве остават малку раат и тоа сите без оглед на вашиот емотивен страв кон нив, а се однесува на најблиските кои сепак сте ги врзале малку повеќе, па ваквите ваши осамувања или обиди можат да се протолкуваат многу драматично.

ЛАВ

Важите за доста конзервативни и не сте баш синоним за некаква авангарда, па оттаму на многумина ќе им биде чудно што во следните два- три дена ќе манифестирате навистина голема ширина и немање предрасуди за чувствителни, емотивни теми и дилеми, посебно на вашите пријатели и познати, кои ќе бидат изненадени ем од непристрасноста и објективноста, ем од немањето нешто.

ДЕВИЦА

Во случај да имате деловни или професионални дилеми и тешкотии, пречки или напната ситуација, деновиве пред вас можат да ви донесат решенија и разни исходи кои пак зависат од вашите лични хороскопи и нивната интегрираност. Значи, можни се и поволни и неповолни моменти ако сакате, разрешувања на дилеми, но и покомплицирани ситуации како промена на работната средина или пак губење и на работа во одделни случаи поради некаков јавен скандал или правење грешка.

ВАГА

Дидактичноста ќе биде изразено својство во следните неколку дена во се со што ќе се зафатите, а зафаќањето ќе оди прилично тешко и бавно ако сакате, повеќе ќе сакате малку повеќе да одморате, да не ве закачаат и да сте со мислите и мечтите отколку да сте во реалноста која од многу причини може да не ви е допадлива. Ако вашиот личен хороскоп тоа го потврдува, може да се случи некаков кус пат во странство или пак некаков ангажман низ институциите на државата.

СКОРПИЈА

Во следните неколку дена може да бидете привлечени од некоја работа или случување, тема можеби, за кои повеќето луѓе одбегнуваат да размислуваат или да говорат. Како на пример, наследството, а родителите се уште живи, поделбата на родителскиот имот меѓу останатите членови, понатаму сексуалниот живот или неговиот квалитет, потребите, секако ваши, бидејќи за други размислувате кога вие сте задоволени, за смртта, на некого или од нешто и слични теми.

СТРЕЛЕЦ

Вашата општа состојба е стабилна треба да бидете трпеливи и се ќе биде како што треба. Обидете се да владеете со себе доколку сакате да бидете задоволни. Земете го тоа што ви е понудено и сигурно ќе најдете среќа. Во соувршувањето е спасот. Но немојте да заборавате на саканата личност бидејќи може да добиете силни критики.

ЈАРЕЦ

Во зависност од вашата досегашна положба на деловен, професионален или работен план, можностите се дека или ќе имате некакви промени на глобално ниво, структура, раководење и слично или можни се промени на персонално ниво, односно во делокругот на работата, а некои од поретките од знакот ќе сменат и работно место внатре во организацијата, најретките ќе променат и работа. Деновиве вашиот здравствен билтен е најподложен на промени од целиот зодијачки циркус.

ВОДОЛИЈА

Емоциите засилени, иако доста променливи и како раздадени на повеќе страни и личности. Ова е разбирливо, на пример, ако се работи за чувствата и емоциите насочени кон децата, но ако е кон личности од спротивниот пол е доста проблематично и може да ве доведе во доста комплицирани емотивни ситуации и состојби. Најголемиот дел всушност насочен кон остварување на некакви задоволства, а можностите се и за некакви љубовни афери што веројатно го претпоставивте од напишаното погоре.

РИБИ

Некакви промени, поточно застои, сопирања на започнатите нешта, планови, поради преголемо трошење на емотивна енергија, чувство на емотивна нестабилност, и посакување за осамување, всушност бегство. Ова се само мал дел од можните показатели на вашата моментална енергетска структура, која може да ви покажува дека треба да се свртите кон себе и своите приоритети, а не да се раздавате наоколу на личности кои ви ја црпат и онака намалената енергија.