Овен

Некој ќе ви пружи рака за помирување и поради тоа ќе се чувствувате задоволно. Ќе добиете некои пари кои можеби не сте ги очекувале. Односите во бракот се лоши, а ако сте сами, времето не е баш поволно за пронаоѓање на партнер.

Бик

На средбата со соработниците бидете доволно итри и практични, своето знаење и енергијата насочете ги кон некои корисни цели. Во љубовта нема причина да се однесувате премногу строго кон блиското лице, прифатете го извинувањето.

Близнаци

Умеете да ги прилагодите своите интереси кон основните критериуми и да се изборите за подобри услови. Во љубовта прихолошката фаза која поминува ќе има позитивно влијание на вашиот љубовен живот. Намалете со нереалните очекувања.

Рак

Ве очекуваат пријатни вести. Ќе успеете да го реализирате она што сте го замислиле. Ќе почувствувате зголемена потреба за љубов. Емоциите ќе бидат насочени кон некоја стара љубов или некое повозрасно лице.

Лав

Оптеретени сте со различни ситуации кои ја пореметуваат вашата концентрација. Тешко го прикривате вашето незадоволство на средбите со соработниците. Во љубовта избегнувајте го принципот емотивно казнување или ривалство.

Девица

Се наоѓате во неблагодарна позиција и смислувате различни решенија, но некој од соработниците делува поефикасно. Во љубовта партнерот има различни забелешки за вашето однесување, се чини дека немате убедливо оправдување.

Вага

Некој не ги разбира вашите деловни идеи или ви поставува премногу прашања. Попуштете колку што можете. Во љубовта важно е да го прифатите значењето на нечие присуство. Обидете се да не тактизирате.

Скорпија

Доколку некој ги оспорува вашите идеи, мудро избирајте ги зборовите кои ги користите во таа прилика. Бидете паметни и избегнете ги импулсивните реакции. Во љубовта ви недостасува трпение во средбите со саканото лице. Не ја проценувајте ситуацијата само субјективно.

Стрелец

Понекогаш не можете да го добиете тоа што го сакате, но секоја ситуација има потенцијално корисно значење ако правилно се поставите. Во љубовта ништо нема да постигнете само со негација на нештата. Залудно се противите пред саканото лице.

Јарец

Потребно е добро да ја процените својата можност и да донесете сериозна одлука. Ќе покажете дека ништо не е случајно. Во љубовта рационално користете ја својата енергија и време. Планирате емотивна средба или некоја возбудлива забава за двајца.

Водолија

Направивте се што е во ваша моќ, но не можете да го промените моменталниот распоред на работите на деловната сцена. Во љубовта постојат ситуации кога е тешко да се објасни причината или последицата, но важно е да постапувате според своите чувства.

Риби

Ве заморуваат ситуациите во кои премногу се тактизира, не сакате кога некој ја ограничува вашата слобода и активност. Средбата со саканото лице нема причина да ја започнете со осетлива тема, која ќе ве доведе до расправии.