Иако можеби ви звучи нелогично и неповрзано, сепак голем број останале без својата коса поради оваа причина.

Чувствувате подуеност после јадење, а покрај тоа започнала и косата да ви опаѓа? Сигурно се прашувате каква врска имаат овие две различни состојби, но медицината е заинтересирана токму за овие два симптоми кои заедно се среќаваат кај сè поголем број луѓе.

Иако некогаш тоа беше случај само кај машката популација, денес и двата пола се соочуваат со хронично опаѓање на косата. Сè повеќе жени имаат ретка коса, па со тек на времето сè повеќе им се забележува оваа појава.

Голем дел од нив се обиделе да го решат проблемот кај дерматолог, koj после прегледот ќе им соопшти дека со нив сè e во ред. Така е, но само од аспект на дерматологијата. Сите лабораториски наоди се совршени, а сепак косата и натаму продолжува да опаѓа со истиот интензитет.

Докторката Лорен Девил од клиниката во Аризона се занимавала со овој проблем и се обидува да даде решение за истиот.

“Пациентите кои доаѓаат кај мене ми велат дека порано имале густа и бујна коса на целата глава, а денес едвај половина или четвртина од она што некогаш го имале.

Други пак велат дека нивните по дома се жалат за оставените купишта влакна од коса по намештајот, бањата или пак на масата во текот на јадењето”, вели д-р Девил и врз основа на тоа што им е заедничко на сите овие луѓе, освен опаѓањето на косата, констатирала дека сите тие, исто така, имале и проблеми со дигестивниот тракт.

“Тие обично велат дека се подуени после јадење храна со висок гликемиски индекс, како што е леб, житарици или слатки. Многумина од нив ми велат дека подуеноста всушност не поминува, туку дека постојано се подуени.

Некои чувствуваат јадеж во ушите, а често им се случува и поматување на свеста и неможност да се концентрираат. Понекогаш имаат запек, а некогаш дијареа, па дури некогаш овие две состојби наизменично се менуваат”, тврди докторката, наведувајќи дека иако овие симптоми не делуваат поврзано, сепак честопати тие се во врска.

Еве како докторката ја објаснува врската помеѓу опаѓањето на косата и дигестивните проблеми:

“Феритин е облик на железо кој се складишти првенствено во црниот дроб, но и во фоликулите на влакната. Кога телото се соочува со недостиг на железо кој како минерал му е потребен за важни животни процеси, како создавање на црвени крвни зрнца, ќе го зема од “помалку важните места”, како што е косата, за да ги задоволи своите потреби.

Недостиг на железо се случува често при хронична инфекција, бидејќи бактериите, габичките и вирусите го користат железото во своите животни циклуси.

Кога има инфекција во телото, тоа одговара така што ослободува хормон под називот хепцидин, кој ја блокира апсорпцијата на железото во цревата. Ова е адаптивен механизам во случај на акутна, краткотрајна инфекција.

Меѓутоа, ако постои долгорочна инфекција, како што е прекумерен раст на цревни бактерии или габи, не само што организмот ќе ги исцрпи сите залихи на железо, туку телото ќе апсорбира помалку од овој минерал поради ослободениот хепцидин. Со текот на времето ова предизвикува ниско ниво на феритин.”

Значи, според стручното мислење на доктор Девил, ако губитокот на косата е последица на низок феритин, неговите нивоа најчесто мора да бидат преку 50μg/L за да се спречи опаѓањето на косата и повеќе од 70μg/L за да започне нејзината регенерација.

Меѓутоа, бидејќи нискиот феритин потекнува од проблеми со цревата, најпрво мора таа состојба да се излекува за потоа последично да дојде до престанок на опаѓање на косата и нејзино повторно растење и обновување.