ОВЕН

За вас 2018 година ќе биде годината кога конечно ќе најдете некој кој нема да сака само привремена авантура со вас. Оваа година сте се обиделе да бидете опуштени и неофицијални, но не е во вашата природа да ги вршите работите со пола срце. Ќе бидат потребни неколку месеци и малку трпение, но следната година дефинитивно ќе ја запознаете љубовта на својот живот.

БИК

Во 2018 година ќе порасне вашата потреба за независност и личен простор. Вие по природа сте тврдоглави, но на крај сепак ќе мора да дозволите некои луѓе да влезат во вашиот живот.

Во 2018 година конечно ќе го спуштите својот штит. Можеби станува збор за пријателство, но и за љубов, но тоа што е важно е дека созревате и станувате личност каква што треба да бидете.

БЛИЗНАЦИ

Мразите да бидете сами бидејќи тогаш се чувствувате ранливи и депресивни. Меѓутоа, во 2018 година ќе ја пронајдете својата новооткриена слобода. Оваа година нема да барате љубов од некој друг бидејќи ќе имате многу љубов кон себе. Ќе ја претворите својата осаменост во авантура и кариера и пред да забечежите ќе бидете задоволни со себе си, со тоа што се.

РАК

Новата 2018 година ќе биде година кога конечно ќе го оставите минатото и поранешната љубов. Повеќе нема да копнеете за нив и нема да ви бидат важни. Конечно ќе се ослободите од тие окови и ќе запознаете други луѓе кои се многу подобри за вас. Овој пат тие нема да ве напуштат.

ЛАВ

Наредната 2018 година ќе биде година кога ќе го приземјите своето его. Можеби ќе доживеете некои разочарувања и губитоци кога е во прашање љубовта, но тоа на крај ќе ве направи подобра личност.

Не очекувајте да се венчате оваа година, но посветете внимание на некој кој покрај вас е цело време. Можеби таа личност е вистинската.

ДЕВИЦА

Внимание! сте поминале низ многу работи оваа година, но 2018 година ќе го спаси вашето убаво срце. Вие мислите дека не заслужувате љубов и дека никој неможе да се заљуби во вас, но следната година ќе бидете многу заљубени и љубовта ќе ви биде возвратена.

ВАГА

Ако веќе сте во врска бидете спокојни. Вашиот однос ќе продолжи да се развива и ќе ве обликува во личност каква што треба да бидете. Новата, 2018 година ќе биде година во која вашиот однос ќе прерасне во вистинско партнерство. Бидете возбудени за својата иднина која ве очекува со оваа личност.

Доколку сте слободни ви следи запознавање со личност со која ќе почнете да градите сериозен однос.

СКОРПИЈА

Мора да престанете да ги оттргнувате луѓето од себе, дури и идејата за љубов. Всушност во 2018 година конечно ќе го отворите своето срце. Еден ден во новата година, ќе забележите некоја личност од која наместо да избегате вие ќе и се доближите. Не ја правете истата грешка како и секогаш. Урнете ги ѕидовите околу вас.

СТРЕЛЕЦ

Оваа 2017 година за вас беше навистина тешка кога станува збор за љубовта. Меѓутоа не се плашете. Зад вас се доновите кога сте копнееле по луѓе кои не ви ја возвраќаат љубовта, кратките врски и комбинациите за една ноќ.

Во новата 2018 година ќе престанете да се грижите за луѓето кои ужасно се однесувале кон вас. Оваа година повеќе ќе се грижите за себе отколку за другите.

ЈАРЕЦ

Вие бевте премногу одговорни во годината која заминува. Дозволете си да бидете малку слободни во 2018 година. Дозволете си да се забавувате. Во новата година нема да сакате ништо сериозно. Потребни ви се авантури и слобода. Забавувајте се, но мислете и на својата сигурност.

ВОДОЛИЈА

Во 2018 година нема да ја запознаете љубовта на својот живот, но ќе запознате некој кој целосно ќе ве промени. Тоа може да биде личност која ја знаете од некаде или некој кој сте го запознале на автобуската станица.

Сепак, што и да прави не се повлекувајте. Без разлика дали ќе остане во вашиот живот засекогаш или не, таа личност од вас ќе направи подобро човечко суштество.

РИБИ

Вашето сочувство и благодарност за љубов конечно ќе се исплати во 2018 година. Ова е година која вашиот однос ќе стане стабилен, грижлив и исполнет со љубов.

Целото ваше трпение и осамените ноќи вределе за тоа. Оваа личност треба да ја чувајте. Не создавајте непотребни проблеми за да ја оттргнете од себе.