Еве како на ефикасен начин да се ослободите од белото сало околу стомакот

Масните клетки иако ги има насекаде во организмот, се чини, најмногу и најчесто прават наслаги на стомакот.

Масното ткиво кога подолго време се таложи на исто место, формира растресито сало кое ја растегнува кожата и ја распукува, естетски ја расипува целата фигура, но она што е најважно, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Најновите истражувања велат дека според обемот на вашиот струк, може да се одреди вашата здравствена состојба, здравствените ризици, па дури и претпоставената должина на вашиот живот.

Веројатно, сите сте помалку или повеќе свесни за вашата телесна фигура, па така знаете дали имате нормална, здрава фигура, или прекумерни килограми од кои не можете да ги закопчате панталоните, да се наведнете да си ги исечете ноктите на нозете, да си ги врзете врвките од патиките…

Loading...

Мажите и жените на различен начин ги натрупуваат мастите. Кај мажите речиси се’ оди кај стомакот, па често се принудени своите панталони да ги носат спуштени подолу, бидејќи немаат половина; а кај жените масното ткиво најмногу се таложи на бутовите и задникот, па за да го прикријат мекото сало, најчесто се измачуваат со носење на тесни мидери.

За сите кои го имаат овој проблем, најдобро би било да започнат со некој програм за слабеење. Секако, не се сите исти, па еден единствен програм нема подеднакво исто да делува кај сите луѓе.

Но и најмалите промени се добри, а истите ќе се поттикнат и зголемат доколку применете здрава исхрана и спроведете физички активности.

НАЈДОБРИОТ ПЛАН ЗА ГУБЕЊЕ НА МАСНОТО ТКИВО – РЕЦЕПТ:

Најдобриот и најефикасен начин за топење на салото е примена на соодветна, рестриктивна диета и задолжителни физички вежби. Овие две работи се поврзани и важен фактор за активирање на процесот.

Стомачните вежби во голема мера ќе ги затегнат и зајакнат мускулите на стомакот, но нема да делуваат на масното ткиво кое се наоѓа помеѓу кожата и мускулот.

За среќа, постојат природни помагала кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото.

РЕЦЕПТ

Постои еден вкусен напиток кој се приготвува со мед и цимет, а има неверојатна моќ да го топи салото. Се пие секое утро на гладен стомак а исто и пред спиење. Ако се применува редовно, гарантирано делува дури и кај најдебелите луѓе. Исто така, редовната консумација не дозволува таложење на нови масни наслаги.

Најдобро е да го приготвувате навечер.

Ставете на оган 200 мл вода да зоврие.

Во зовриената вода ставете половина лажичка цејлонски цимет во прав, тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои половина час. Потоа додадете една мала лажичка мед и промешајте за да се раствори.

Половина од вака приготвениот напиток, испијте го пред спиење, а остатокот складирајте го во фрижидер. Следното утро кога ќе станете, испијте го на празен стомак.

Нема потреба да го пиете преку ден. Единствено делува кога се пие наутро на гладно и пред спиење!

Овој напиток му помогнал речиси на секому. За да го забрзате процесот, можете да додадете и малку и ѓумбир, но не е неопходно.

Напитокот е моќен чистач на организмот, антифунгален, антивирален, а делува и против паразити. Ги забрзува метаболизмот и го поттикнува топењето и елиминирањето на масните наслаги. Има општи здравствени бенефити.

Loading...