Денеска е 6 октомври според стар стил и се слави Св. апостол Тома. Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чу-десен и спа-соносен настан.




Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „…Дај ја раката своја и с тави ја во реб-рата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20).




По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му падна жрепка да оди во Индија. Тој малку се нажа-ли што мора да оди во толку далечен крај, но Господ му се јави и го охрабри. Во Индија, свети Тома многумина, големци и сиромашни, ги обрати во верата Христова и ја заснова таму Црквата и постави свештеници и епископи.




Меѓу останатите, Тома ги обрати кон Христа и две жени на двајца индиски кнезови, Тертијана и Мигдонија, коишто беа сестри. Овие сестри беа од своите мажи нама-чени заради верата, затоа што не сакаа да живеат со нив откако примија Крштение, а потоа мажите ги отпуш-тија.




Откако се ослободија од бракот тие поживеаја богоугодно до с мрт-та. Дионисиј и Пелагија, претходно беа вереници, но кога ја слушнаа апостолската проповед не влегоа во сожи-вот, туку се посветија на подвиг. Пелагија заврши како ма-ченичка за верата, а Дионисиј беше поставен од апостолот за епископ.




Кнезот Муздиј, маж на Тертијана, кому што Тома му ги крсти жената и синот, го оcy-ди апостолот на с мрт и испрати петмина војници коишто го про-бо-доа со пет копја. Така си ја пре-даде ду-шата во рацете на Христа светиот апостол Тома. Пред својата с мрт и тој, како и другите апостоли, беше чу-десно пренесен на по-гре-бот на Пресвета Богородица.




Но, бидејќи пристигна доцна, гор-ко зажа-ли, па на негова молба го отворија гро-бот на Пресветата, но внатре не го најдоа Нејзиното т ело. На таинствен начин Господ Ја беше зел Својата Мајка во Неговите небесни живеалишта.




И така Свети Тома, којшто со своето неверување ја утврди верата во Христовото воскресение, во овој случај задоцнувајќи ни го откри чу-десното прославување на Богородица.




Во народното паметење останал како неверен Тома. „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“, му рекол Исус на апостолот Тома. Светиот апостол Тома е еден од дванаесетте славни Исусови апостоли. Тома на еврејски јазик значи близнак, но апостолот Тома најчесто е познат како Неверен Тома.




Роден е во Панеида, мало гратче во Галилеја. Бил верен следбеник на Исусовото учење, и присуствувал на сите поважни настани од неговиот жи-вот. Кога Исус, по воскреснувањето, им се јавил на неговите ученици меѓу нив не бил Тома. А кога тие му кажале дека го виделе Спасителот, Томо не верувал и оттука е наречен Неверен Томо.




Многу семејства денешниот ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци. Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така се смета, дека на овој ден не треба да се оди никаде.