Сладете се во овие есенски плодови пребогати со хранливи материи, на лесен и едноставен начин. Убави се варените костени, но повеќето ги сакаат печени. Тогаш го ослободуваат од себе оној карактеристичен за нив, привлечен мирис кој потсетува на убавата есен.

Потребни состојки: 500 г костени, 1 литар зовриена вода и 1 лажичка сол. Постапка: костените со остар нож засечете ги на едната страна. Во тенџере на оган ставете 1 литар вода да зоврие. Додајте 1 лажичка сол и промешајте.

Ставете ги костените во зовриената вода да се варат 5 минути. Потоа извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги на цедалка. Откако ќе се исцедат костените префрлете ги во плех и ставете ги во загреана рерна на 250 степени да се печат 20 минути.

Печените костени ставете ги во чинија, прекријте ги со крпа и оставете ги околу 5 минути. Ова ќе го олесне лупењето. Оставете ги малку да подизладат, па излупете ги. Ќе видите колку лесно се лупат – во еден потег. Сладете се во нивниот вкус, а еве зошто три костени носат среќа:

Од останатите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има најнизок процент на масти, а повеќе скроб. Тој е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц.

Благодарение на обилството диетални влакна, тој претставува природен лаксатив, а бидејќи е богат и со калиум, а сиромашен со натриум, им се препорачува во диеталната исхрана на па-циенти со бубрежни и кардиоваскуларни заболувања.

Кај народот постои верување дека плодовите од костенот ги бр-каат уро-ците, па и ден денешен некои луѓе си чуваат во торбите по три костени за среќа, сила, здравје и благосостојба на домот.

РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ: Сировите мелени питоми костени се мешаат со мед. На 1 кг мед се става 250 г брашно од питом костен. Добро се меша и се остава два дена. Се конcyмира двапати дневно по една чајна лажичка на гладно, во период од најмалку 2 месеци, а потоа се конcyмира по една чајна лажичка дневно.

Многу е ценет и пчелиниот мед добиен од костен за намалување на кашлицата и за подобра циркулација, но и за лекување на гастритис и заштита на црниот дроб. Слаткиот мед од костен има многу карактеристичен и малку горчлив вкус. Има добри антимикробни својства. Се користи во третман на гастроинтестинални и бубрежни заболувања.

Бубрежни заболувања: ставете 2 лажици сув корен од рен во 200 мл врела зовриена вода и оставете ги покриени 1 час. Смесата се меша со 2 лажици костенов мед. Пијте 4-5 пати на ден по 25-30 мл.

Гастритис: измешајте по 20 г ленено семе, анасон, сладок корен, цвет од липа, лист од нане. Прелијте две лажици од мешавината со 500 мл врела вода, варете 10-15 минути, а потоа оставете да отстои 1-2 часа. Процедете и додајте костенов мед во количина од 1 лажица на 200 мл чај. Кон-сумирајте 100-150 мл чај, трипати на ден, час и половина до два пред оброк.