ОВАА НЕОБИЧНА БИЛКА ГИ ВООДУШЕВИ ЦВЕЌАРИТЕ: Сите ја сакаат дома, еве зошто е посебна

Кога станува збор за уредување на домот, еден од најефикасните и најевтините начини како да му подарите нов сјај – е набавите билка, или уште подобро, повеќе салонски цвеќиња.




Во зависност од големината на просторот и личните преференции, билките го подобруваат рас-положението и нè доближуваат до природата, па дури и кога сме зат-ворени помеѓу четири ѕида.




Една посебна билка го привлече вниманието на голем број луѓе и сите бараат начини како да дојдат до неа, да ја имаат во својот дом. Станува збор за дамчестата бегонија, а она што ја издвојува од другите видови бегонии се нејзините големи бели дамки на листовите.




Begonia maculata (maculata значи дамчеста), позната и под името polka dot begonia, најчесто цвета во текот на доцна зима, па сè до пролет, а потекнува од Бразил. Токму затоа, потребна и е индиректна светлина и влажна земја.




Нејзините цветови се бели и густи, делуваат доста раскошно, а тоа ја прави уште попосебна во сиот тој контраст од зелено и бело. За што поуспешен раст, оваа билка е потребно да се прихранува на секои две седмици започнувајќи од зимата па сè до есента.




Дамчестата бегонија не спаѓа во оние билки кои се многу лесни за одржување, бидејќи сепак, таа бара нега и внимание. И покрај тоа, луѓето многу ја сакаат поради својот изглед, а на крај, веривајте, сиот труд околу неа се испалаќа, бидејќи таа навистина е една од најпосебните билки кои некогаш сме ги виделе.




Нејзините неодоливи бели точки веќе ги преплавија социјалните мрежи, па само неколку месеце претходно, на почетокот од оваа година, вакво исто внимание привлече раскошниот сукулент со облик на опаш од сирена.




Кога сме веќе кај бегониите треба да споменеме дека во родот бегонија има околу 900 видови. Кај нас најчесто се среќаваат листести и цветни. Лисестите се одгледуваат во затворен простор, а цветните бегонии на балкон, во градина и сл.

Лисестата бегонија има шарени срцевидни листови, кои се обоени со разни нијанси на црвена, кафеаваа, зелена или сива боја. Листовите се многу нежни и кршливи, па треба да се внимава при залевањето или пресадувањето да не се ош-тетат.

Чувајте ја на светло место, но не на директно сонце. Идеално би било да е сместена на северен или источен прозорец. Треба да бидете внимателни со залевањето. Во лето два пати седмично, а во зима само еднаш и внимавајте да не ги намокрите листовите бидејќи ќе добијат дамки.




Прихранувајте ја на секои две седмици во текот на пролетта и летото со вода во која сте додале течно ѓубриво. Се размножува со резници во доцна пролет. Едноставно забо-дете здрав лист во земја. Постои и друг начин, каде на одрежаниот лист треба да му ги исечете врвот и нерамнините од страна.

Потоа разрежете го на повеќе делови по ширина (4-5) така да секој дел од листот да има и дел од главната лисна жила. Забо-дете го секој дел во земја со страната која била поблиску до стебленцето. Чувајте го на топло и одржувајте ја влажноста, па ќе пораснат нови ливчиња.




ЦВЕТНА БЕГОНИЈА. Заедничко за сите видови што цветаат е дека добро виреат ако се наоѓаат во полусенка. Може да се посадат во саксии, сандачиња или пак во градината. Сите растат многу брзо и цветаат во текот на целата година. Во зависност од видот, може да имаат крупни или ситни цветови, но секако во многу бои.

Треба да внимавате да не претерувате со залевањето, бидејќи нивните нежни сукулентни стебленца не трпат многу вода. Петнаесетина минути по залевањето одлијте го вишокот вода од подлошката. Во лето залевајте ги на секој 3-4 дена, а во зима многу ретко. Во периодот на раст потребно е еднаш месечно да ги залевате со вода во која е додадено течно ѓубриво за растенија кои цветаат.




Кога ќе ги садите бегониите, внимавајте длабнатата страна на коренот да ја ставите нагоре. Садете ги во март или април, во саксии кои ќе ги чувате на температура од 15-20°С за да разлистат, а надвор изнесете ги кога ќе помине опас-носта од ниски температури, некаде во мај. Кога ќе се исушат листовите, околу средината на октомври, извадете го коренот и ставете го во тресет или песок за да го заштитите од мраз.

Женските, ситни цветови кои растат под големите машки цветови, треба да ги кинете додека се мали, за да не троши сила растението за создавање на семе. Ако стебленцата се издолжат, слободно поткастрете ги малку, за да се добие убав грмолик облик.

Претходна статијаЛЕКОВИТО МАСЛО ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ: За очи, зглобови и силен имунитет (РЕЦЕПТ)
Следна статијаДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ СВЕТИ ТОМА – ДЕНЕС СЕ СЕДИ ДОМА