Познатиот епидемиолог д-р Брус Ајлвард од Канада е еден од постарите советници на генералниот директор на Светската Здравствена Организација задолжен за борба против пандемијата на коронавирусот.

Тој веќе има 30 годишно искуство во борбата против детската парализа, ебола и други болести, a сега го своето внимание го насочи кон запирање на ширењето на новиот коронавирус.

Лекарот кој ја водеше борбата во Кина во февруари за да ја испита ситуацијата во земјата, од прва рака ги виде мерките кои ги презема Пекинг против коронавирусот.

Сега го споделува она што го видел и научил. Ајлвард го сподели сето она што смета дека треба да се стори за да се запре пандемијата. Ви го пренесуваме разговорот во целост.

Дали очекувате Ковид-19 да продолжи да се шири?

Тој вели: ,, Можеме да погледнеме во иднината, ако се вратиме малку назад во минатото односно од земјите каде започна сето ова. Ако ја погледнеме Кина, таа го идентификува вирусот на почетокот на јануари, во истиот момент започнаа со преземање соодветни мерки и еве веќе крајот на март очекуваат дека се приближува крајот. После цели три месеци.

Кога ќе погледнеме во земјите во Европа, Америка и Блискиот Исток, моментално тие се наоѓаат во период на експоненцијален раст. Вирусот се шири многу брзо, дури и на тешко погодените земји како Италија. Овие земји сѐ уште имаат месеци на предизвик пред нив. Дури и во други делови од светот како Африка и делови од Индискиот потконтинент кои уште имаат мал број на заразени, набрзо кривата го достигнува експоненцијалниот раст.’’

Како мислите ќе изгледа пандемијата на коронавирусот за шест месеци од сега?

,,Најпрво мора да разбереме дека нè очекува влијателен бран од овој вирус низ целиот свет. Прашањето е што ќе се случи потоа.

Дали вирусот ќе исчезне целосно или ќе влеземе во период на циклични бранови? Или пак ќе завршиме со ендемична болест од ниско ниво со која ќе мора да се соочуваме?

Повеќето веруваат дека е мала веројатноста пандемијата целосно да исчезне. Секако, тоа е точно бидејќи вирусот премногу лесно се пренесува меѓу човечката популација, затоа поголема е веројатноста дека нè очекуваат циклични бранови или заболувања од ниско ниво.

Голем дел од тоа што ќе се случи зависи од нас, како општество. Ако се тестира секој случај посебно, реагираме и изолираме навреме, со сигурност случаите ќе се одржуваат на ниско ниво.

Но, во случај да се исклучат големите мерки и не се пронајде секој случај на заразени, тогаш секој пат кога ќе се залажеме дека сме се излечиле, вирусот повторно ќе нападне. Тоа е реакција на пoтиснување.’’

Зошто е толку голема стапката на смртност во Италија?

Се работи за комбинација на фактори, биолошки процес. Конкретно Италија е втората најстара земја после Јапонија, луѓето го забораваат тоа. Има постара популација, а постарите се најизложени на потешки болести, а воедно и на коронавирусот.

Од друга страна, 10% од луѓето кои се заболени во Италија се во своите 20-ти, 30-ти или 40-ти години, сосем здрави. Не е докажано зошто смртноста ги напаѓа и нив, така да мојата порака за младите е да не го потценуваат вирусот.

Опасен е за вас, за вашите родители, а особено за вашите баби и дедовци и стари лица од вашето општество во целина. Сите сме дел од заедницата и сите претставуваме ланец за пренос на вирусот.

Кои земји се најмногу подложни на вирусот?

,,Буквално сите. Не би можел да дадам конкретен одговор. Големото прашање е што ќе се случи кога вирусот ќе почне да се шири во земјите со низок приход и низок медицински капацитет како Африка. Тоа е една од работите кои не сакате да ги замислите, бројките ќе бидат многу сериозни. Дури ни повисоките температури и влажноста не прават разлика во ширење на вирусот. Чист пример е Сингапур, каде ситуацијата е многу тешка.

Ова е герилска војна. Ќе ја споменам Кина, која е загрижена дека вирусот ќе настапи со втор бран. Тие се припремаат уште од сега. Не очекуваат дека вирусот ќе исчезне, но очекуваат да бидат подготвени за да можат да го водат општеството, економијата и здравствениот систем. Сега Америка е новата жртва. Штета е што тоа време додека гледавме што се случува, не го искористивме. Сега е веќе бесцелно, сè што се прави е купување време, вирусот не си оди, само го потиснуваме.’’

Како мислите дека ова ќе заврши?

,,Ова ќе заврши со победа на човештвото над уште еден вирус дефинитивно. Прашањето е колку брзо ќе ги преземеме неопходните мерки за да ја минимализираме штетата. Со тек на време ќе имаме лекови, ќе имаме вакцина. Ние се бориме за тоа.

Потребна е голема соработка и трпеливост од општата популација, бидејќи населението е тоа што ќе ја запре оваа пандемија.’’

За НМД.мк текстот го подготви Мартина Христовска