Не знам навистина дали може нешто вака добро а вкусно да се направи побрзо од 15 минути. Верувајте, се исплаќа да го пробате.

Потребни состојки:

1 литар млеко
200 мл гриз пченичен
150 мл шеќер
2 ванилин шеќер
1 јајце
250 г маргарин или путер
500 мл слатка павлака
400 г бисквито

Постапка:

Измешајте гриз, шеќер, ванилин шеќер и јајце, па сварете го со литар млеко. Добро изладете. Во изладениот крем додадете изматен путер и содените ги.

Шлагот изматете го посебно.

Во калапот наредете еден ред бисквити. Јас ставив 4 реда. Не мора да ги натопувате во млеко, бидејќи ќе омекнат од кремот.

Врз првиот ред бисквити премачкјате половина од кремот. Потоа ставете половина од шлагот. Па повторно ред бисквити, половина крем, па половина шлаг.

Украсете по желба.

Coolinarika.com