Еден од најпознатите доктори од дијаспората е д-р Горан Трајковски од Скопје, кој живее и работи во Германија. Тој е специјализант по интерна медицина во Баварија, Германија, вработен на интензивна нега, ургентен центар, оддел за кардиологија, гастроентерологија, но работи со болести од цела интерна медицина.

Во својата пракса тој се среќава со најразлични случаи, како што е и овој, со младата девојка чијшто живот и бил „уништен“ поради антибиоток. Доктор Горан има многу следбеници на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, каде на пластичен начин, разбирлив за граѓаните, објаснува многу заболувања со кои се среќаваат луѓето.

Овојпат тој се осврна на една специфична група антибиотици за што ќе стане збор подолу во текстот. Антибиотиците се фармаколошки агенси кои можат целосно да ги yништат патогените микроорганизми или да го спречат нивниот раст или размножување, без притоа да предизвикаат позначајни штети на домаќинскиот организам.

Тоа е т.н. принцип на селективна токсичност, каде агенсот е токсичен кон патогенот, но не е токсичен или помалку токсичен кон организмот домаќин. Современата медицина во голема мерка се потпира на употребата на овие хемиски супстанци во боpбата против големиот број на заразни болести.

„АНТИБИОТИК МИ ГО УНИШТИ ЖИВОТОТ“

„Млада девојка, на одмор во Египет, добила антибиотик Ципрофлоксацин за банален цревен инфект. Тоа што се случило понатаму и го променило животот засекогаш. За што станува збор?

Девојката добила cтрашни болки во целото тело, чувство како струја да и проаѓа низ нервите, изнемоштила и снемала енергија за највообичаени активности, па дури не можела да стане ниту од кревет.

Покрај тоа, таа добила и панични напади, псиxоза и други симптоми на анксиозност. Што го предизвикало сето тоа? Ципрофлоксацин, Левопроксацин, Моксифлоксацин се синтетички, вештачки создадени антибиотици коишто ја попречуваат репликацијата на бактериската ДНК.

Но, дали тие имаат ефект само на бактериите? Синдромот се нарекува Fluoroquinolone- Associated Disability. Се работи за еден комплекс од симптоми кој вклучува силен оксидативен стрес, оштетување на митохондриите..

Оштетување на инхибиторниот / смирувачки GABA систем во мозокот, оштетување на колагенот во телото, буквално пукање/кинење на тетивите (особено Ахиловата тетива), оштетување на нервите, особено на малите нерви „Small fiber neuropathy“.

Трнење и боцкање, невообичаени реакции на дразби или зашеметеност; проблеми со видот, вклучувајќи двојно гледање, зуење во ушите, губење или оштетување на слухот… Сите овие несакани ефекти се наведени во упатството за употреба на лекот.

Се смета дека кај дел од пациентите кои имаат одреден ензимски дефект во црниот дроб доаѓа до абнормно покачување на концентрацијата на овој антибиотик и појачување на токсичните ефекти. Вистината е дека речиси секогаш постои замена/алтернатива за овој антибиотик и ретко кога е апсолутно индициран.

Веќе постојат и многу предупредувања од FDA поради многубројните несакани последици. ЗАКЛУЧОК: Доколку добиете антибиотик кој завршува со „флоксацин“, прашајте го лекарот дали можеби постои алтернатива“, советува д-р Горан, а можете да го погледнете ОВДЕ.