Автофагија е многу позната диета со која многумина се обидуваат да се ослободат од вишокот килограми, додека други се одлучуваат да ја испробаат од здравствени причини. Специјалист по интерна медицина, д-р Драган Иванов, објасни сè за овој процес и реши многу заблуди.

“Автофагија не значи гладување. Тоа е навистина неверојатен и величествен процес. Под автофагија подразбираме еден процес кој се состои од два делови или временски периоди. Првиот дел од процесот се состои во препознавање, а вториот е всушност рециклирање.

За време на првиот процес на автофагија, телото препознава што е старо, што е нефункционално, препознава мутирани и малигни клетки, патолошки микроорганизми кои можат да предизвикаат одредена болест, го препознава „ѓубрето“ во нашите клетки и токсините.

Потоа започнува следниот процес, распаѓање или рециклирање. Организмот го препознава овој материјал, се распаѓа, рециклира и потоа од овој новоформиран рециклиран материјал се создаваат други, млади функционални клетки. Односно од тој рециклиран материјал, организмот добива ново гориво, благодарение на тоа што има повеќе енергија, ” објасни докторот.

Д-р Иванов вели дека процесот на автофагија постои во секој организам, но тој мора да се активира и постојат три начини за да се направи тоа.

„Овој процес се случува во секој организам, но мора да го вклучиме за да почне да работи. Можеме да го сториме тоа на неколку начини – едниот начин е да се почитува многу важниот, но за жал занемарен принцип на исхрана.

Овој принцип се активира доколку не јадете ништо во период од 12 до 16 часа од последниот оброк. Тука не станува збор за гладување, едноставно не треба да се јаде 12 – 16 часа. Кога ќе изминат овие 12 часа, автофагијата се вклучува.“

Како поинаку може да се вклучи процесот на автофагија?

„Првиот начин има врска со диетата, а вториот начин за активирање на автофагијата е со примена на физичка активност, оној начин што доведува до замор, до потење, до забрзано чукање на срцето и забрзано дишење.

Постои и трет начин – наизменично туширање со топла и ладна вода, односно туширање прво со топла вода, па потоа со ладна вода, па повторно топла, па ладна вода… Интервалите на ладна вода треба да бидат пократки од интервалите со топла вода.

Кога користиме ладна вода, препораката е да не го применувате овој начин на косата и главата, туку едноставно применете го овој метод на лицето за кожата да се затегне и да изгледа младолико.

Исто така, се измива пределот на градите, рамената, бутовите за третман против целулит. Градите се почувствителен дел и треба да бидете малку повнимателни во тој предел.

Би дал и друг совет, а тоа е да не применувате топло, а потоа веднаш мраз ледена вода во пределот на градите. На почетокот од третманот, започнете со постепено измивање на градите со млака па со малку поладна вода. После неколку месеци, кога кожата и нервниот систем ќе се прилагодуваат на овој третман, тогаш слободно правете директен пренос на топла и ладна вода.”

Д-р Иванов појасни и дали има категории на луѓе кои не треба да користат автофагија.

“Малите деца не треба да гладуваат, додека да достигнат пубертет, бремените жени, доилките и луѓето кои се многу слаби и неухранети не треба да се воведуваат во процесот на автофагија. Оние кои имаат дијабетес тип 1, кога примаат инсулинска терапија и задолжително е да држат диета, потребно е да се консултираат со лекар пред да го вклучат процесот на автофагија.

Луѓето кои се слаби, во завршна фаза на малигни заболувања, не би препорачал да користат автофагија. Автофагијата е важна за оние со малигни заболувања, но треба да знаете како да се прилагодите на третманите при радиотерапија, хемотерапија, општата состојба на болниот и затоа треба да се консултирате со лекар пред да започнете со користење на овој процес. “

Еве како изгледаат оброците при користење на процесот на автофагија

“Појадок, еден оброк отпаѓа тука, така што пет – шест часа потоа не јадете ништо. По изминатото време повторно јадете, а потоа не јадете ништо до следниот ден. Така што оброците се сведуваат на двапати дневно.

Панкреасот е жлезда што се активира кога изгрева сонцето и работи преку ден и навечер. Нашето тело ги знае, меѓу другото, овие дневно-ноќни ритми, меѓу нив и панкреасот, кој сака да се ”одмори” во текот на вечерта.

Мелатонинот, мозочен хормон кој има бројни физиолошки, превентивни и терапевтски ефекти, се лачи во нашиот мозок помеѓу полноќ и три часа по полноќ, под услов да не „паѓа“ вештачко светло под вашите очи, а тоа подразбира да ги избегнувате ТВ екраните, мобилните телефони, компјутери, сијалици. Од полноќ до три часот по полноќ, очите мора да бидат затворени, дури и ако не спиеме, за да го синтетизираме количеството на мелатонин.

Заменувањето ден за ноќ е опа-сно за здравјето, мелатонинот е надзорен орган кој спречува слободните радикали да го оштетат процесот на синтеза на клетките, па затоа, кога ќе се активира автофагијата, потребен ни е овој хормон за спиење. ”

Некои луѓе се плашат да ја следат оваа диета, бидејќи се плашат дека може да се разболат ако не јадат 12 часа. „Ништо драстично и лошо не може да се случи доколку не јадете 12 часа, туку само добро“, тврди докторот. Неговиот совет е денот да го започнете со еден пијалак.

“Стануваме наутро, земаме сок од лимон, мешаме со малку вода, малку мед и за пет минути шеќерот од медот и свежината од лимонот ќе навлезат во нашите клетки кои ќе нè разбудат после добриот сон.

Серотонинот ќе се лачи правилно и ќе бидете добро расположени, а вашата меморија ќе се подобри значително. Мозокот ја „сака“ глукозата, сите наши органи како извор на енергија најмногу ја сакаат глукозата затоа што за кратко време дава енергија.

Појадокот треба да вклучува овошје и житарици, јаткасти плодови, бадеми, лешници, ореви… Јогурт, кефир, младо сирење, леб, разни житни култури – тоа треба да вклучува појадокот. Еве што да јадете за ручек и кога да јадете протеини.

„Кога се јадат протеини? Па, хормонот за раст се лачи на зајдисонце. Може да се каже дека тоа е неговото време. Доколку консумирате протеини за време на ручекот, тие инјектираат аминокиселини во клетките. По четири – пет часа потоа протеините ќе се распаднат во аминокиселини и потоа тие аминокиселини ќе влезат во кр-вта од цревата навечер, така што седум до осум часа потоа ќе останете сити заради овој внес на протеини во телото.

За ручек, јадете грав, грашок, леќа, интегрален ориз, разни зеленчуци и салати, а потоа протеините кои се наоѓаат во оваа храна се распаѓаат во аминокиселини за пет часа. Исто така се препорачува и консумирање на мала количина месо.”

Слатки, гуми за џвакање и слични закуски се забранети, а еве и зошто.

„Без разлика дали станува збор за вештачки засладувач или шеќер во бонбони, гуми за џвакање, на тој начин ќе се спречи процесот на автофагија. Тоа се случува бидејќи овие производи се неприродни особено во гумите за џвакање. Во исто време, овие производи содржат калории кои го запираат процесот на автофагија.“

Како можат оние кои сакаат да ја задржат моменталната тежина, но тоа го прават заради здравјето, да активираат автофагија?

Оние кои сакаат да го активираат процесот на автофагијата и не сакаат да изгубат тежина, треба да јадат иста количина на храна и да консумираат иста количина калории како кога јадат три оброци на ден, со единствена разлика да ги поделат на два дела. Не се разочарувајте ако на почетокот ви е тешко да јадете двапати дневно.

Едноставно кога не може да издржите и сте премногу гладни, дозволено е да изедете некоја мала здрава закуска, а постепено отфлете го овој процес од вашата исхрана. Оние што секојдневно се соочуваат со тешка физичка работа, децата кои се во пубертет, бремените жени, имаат потреба од три оброка дневно.

На мнозинството од населението, особено на современиот човек кој води седечки начин на живот, два оброци им се доволни во текот на денот. Но, ако некој сака да вечера и не може да издржи, треба да изеде некое овошје што ја активира автофагијата како бобинки, лимон, грејпфрут, кисело јаболко или свежа салата.

Вечерата треба да биде најлесниот оброк за да се свари правилно во стомакот и да има најмал внес на калории. Зелена салата е лесна за подготвување, киселата зелка не се препорачува, но слатката зелка е дозволена.

Дури и цвеклото не се препорачува бидејќи тешко се вари во желудникот. Јас цврсто препорачувам консумирање на свеж зеленчук како пиперки и домати. Вечерата е дозволена најдоцна до 18-19 часот, а потоа паузата до консумирање на следниот оброк треба да биде 12-13 часа после последниот оброк со цел да се активира автофагијата “, советува докторот. Целата изјава на докторот погледнете ја во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска