Чоколаден колач готов за 15 минути без маргарин и без печење, со бисквити и пудинг

За да го приготвите овој колач потребен ви е еден тенок калап кој ќе го обложите со проѕирна фолија, бисквити, пудинг, млеко и шеќер по вкус.

Потребни состојки:

500 г турски чоколадни бисквити (или било какви)
2 пудинзи од ванила
2 пудинзи од чоколадо
1 литар млеко
шеќер по вкус или според упатството на кесичките од пудинзите

Постапка:

Еден потесен плех обложете го фолија. Сварете ги пудинзите посебно според упатството (по 2 пудинзи за половина литар млеко).

На секој бисквит мачкајте прво пудинг од ванила, па редете покрај ѕидот на плехот по должина.

Потоа, преку него редете бисквити намачкани со пудинг од чоколадо и сè така по ред додека да се исполни калапот. Можете да ги редите и по сопствена избор и идеја.

Оставете го во фрижидер добро да излади, па потоа превртете го на долгнавеста чинија за сервирање. Глазура ставете по желба (може чоколадна или да ставите шлаг). Јас се одлучив за шлаг. Сечете го колачот добро изладен. Има одличен кремаст, чоколаден вкус.

Напомена: Доколку користите турски бисквити нема потреба од нивно претходно натопување во течност (чај, млеко) бидејќи овие бисквити се многу меки и веднаш ќе ја впијат влажноста од пудингот.

Претходна статијаНаправете витамински џем за подигање на имунитетот од: цвекло, јаболка, моркови и лимон
Следна статијаБрзи печива за сендвичи: Брзи, лесни и многу вкусно