Направете витамински џем за подигање на имунитетот од: цвекло, јаболка, моркови и лимон

Ова е многу вкусен и лековит џем кој помага во јакнење на организмот и подигање на имунитетот.

Потребни состојки:

500 г цвекло
500 г морков
500 г јаболка
500 г лимон –сок
50 г шеќер (интегрален или мед, по желба)
100 мл вода

Постапка:

Цвеклото, морковот и јаболката сварете ги на пареа или на тивок оган додека да омекнат. Потоа испасирајте ги во блендер и додадете сок од половина кг лимон.

Loading...

Шеќерот и водата сварете ги околу 5 минути додека шеќерот целосно да се растопи, па додадете го сирупот во испасираното овошје и зеленчук.

Ставете ја целата смеса на тивок оган и варете 20 минути со повремено тргање на пената. Кога џемот е готов малку извадете на тацна и проверете ја густината.

Врелиот џем складирајте го во стерилизирани тегли, херметички затворете ги и свртете ги наопаку. Оставете го џемот да излади.

Вкусот е прекрасен, уверете се и сами. Првпат го правам овој џем и топло го препорачувам. Може да се прави во било кој период од годината. Идеален е за палачинки!

Loading...