Home пита БУРЕК СО ТАЈНА СОСТОЈКА…„Не успеав да го послужам, уште жежок го изедовме…“

БУРЕК СО ТАЈНА СОСТОЈКА…„Не успеав да го послужам, уште жежок го изедовме…“

БУРЕК СО ТАЈНА СОСТОЈКА…„Не успеав да го послужам, уште жежок го изедовме…“

Бурек со тајна магична состојка. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г кори за пита
500 г мелено месо
1 голема главица кромид
сол, црн пипер
1 лажичка мед
1 лажичка зачин по ваш вкус, јас користам (вегета) зачин
1/2 лажичка мелен црн пипер

За прелив:
250 мл газирана вода
80 мл масло

ПОСТАПКА:

Пропржете го кромидот со месото додека да ја смени бојата, па зачинете по вкус и додајте лажичка мед. Намастете тепсија 30 см. Помешајте масло и газирана вода. На дното ставете 3 кори, така што до половина да излегуваат надвор.

Посипете прелив, па наредете 2 гужвани кори, посипете ги со прелив, па ставете една кора здиплена на половина (како подлога), посипете ја со прелив и распоредете половина од филот. Повторете ја постапката уште еднаш.

Преклопете со корите што висеа и добро премачкајте ги со преливот. Оставете една кора за крај и со неа покријте го целиот бурек, а краевите убаво потпикнете ги внатре, како кога местите кревет.

Сипете го одозгора преостанатиот прелив. Избоцкајте одозгора на неколку места со нож или чепкалка и печете 40 минути во загреана рерна на 180 степени. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: