Home пита Брза пита со сирење и готови кори: Тајната е во начинот на...

Брза пита со сирење и готови кори: Тајната е во начинот на редење и преливот

пита со готови кори

Домашна пита со готови кори на поинаков начин: Вкус што освојува

Брза пита со сирење и готови кори: Крцкава одозгора, мека и сочна однатре

Ако барате брз и вкусен домашен оброк што секогаш успева, оваа пита со сирење и готови кори е вистински погодок.

Се подготвува едноставно, без долго месeње и чекање, а благодарение на малку поинаквиот начин на редење на корите добива совршена текстура – крцкава кора и мек, богат фил однатре.

Одличен избор за појадок, вечера или семеен ручек.

Овој рецепт е идеален и за сите кои сакаат практични домашни рецепти со достапни намирници, а воедно е одлична идеја за економичен семеен оброк, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

пита со готови корипита со готови кори

Потребни состојки

* 600 г готови кори за пита
* 450 г сирење
* 8 јајца
* 300 мл млеко
* 3 супени лажици брашно
* 4 супени лажици масло
* 1/2 кесичка прашок за печиво
* 1/2 кафена лажичка сол
* малку масло за премачкување на корите и тепсијата

Постапка

Намастете тепсија со средна големина и вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

Во еден сад изматете ги јајцата. Во друг сад измешајте ги млекото, брашното, солта и прашокот за печиво, па додајте ги во јајцата. Изматете додека да добиете изедначена смеса, а потоа сипете ги и 4-те лажици масло. Повторно промешајте.

Земете една кора и лесно премачкајте ја со масло. Одозгора ставете уште една кора и повторно премачкајте. На едниот крај распоредете сирење, па свиткајте ролничка.

Подготвените ролнички редете ги во тепсијата. Кога ќе наредите еден ред, полијте ги со неколку кутлачи од течната смеса за убаво да се натопат.

Продолжете со редење на останатите ролнички, па одозгора сипете го преостанатиот прелив.

Печете во загреана рерна околу 30 до 35 минути, додека да добие убава златнорумена боја.

Откако ќе се испече, покријте ја питата лесно со хартија или чиста кујнска крпа и оставете ја кратко да подизлади. Сечете на парчиња и послужете топла.

Совети за уште повкусна пита

* За побогат вкус можете да користите мешавина од сирење и урда.

* Ако сакате покрцкава кора, последните 5 минути печете без покривање.

* Одлично се комбинира со цврст јогурт или кисело млеко.

* Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: