Ова е рецепт “на чаша” – за повеќето намирници количината ја одредувате “мерејќи” со чаша со 200 мл.

Потребни состојки:

3 јајца

½ чаша шеќер

1 чаша пченичен гриз

½ чаша масло

½ чаша млеко

1 прашок за печиво

4 рендани јаболка

1 чаша мелени ореви или лешници

За глазура:

100 г чоколадо за готвење

3 лажици масло

Постапка:

Се матат јајцата со шеќерот додека да станат пенасти. Потоа постепено се додаваат останатите состојки. На крај со лажица со домешуваат мелените ореви и ренданите јаболка.

Се пече во намастен и набрашнет плех на 180 степени околу 25-30 минути.

Печениот колач се прелива со чоколадна глазура, а потоа се остава глазурата да се стегне и излади.

Колачот може да се послужи и топол.