Ви се најавиле гости, а немате никаков колач подготвено? Не грижете се, бидејќи овој колач е готов за пет минути, а сигурни сме дека ќе ви допадне и вам и на вашите гости.

Ставете вода за кафе, за тоа време изматете го шлагот. Купечкиот бисквит сладолед наредете го на саканата подлога, прелијте со чоколаден прелив. Наредете уште еден ред бисквит сладолед (можете така да редете неколку катови), премачкајте со шлагот, наросете со чоколадни трошки или чоколаден сируп.

Во меѓувреме и кафето ќе стаса, па ќе бидете спремни да ги пречекате гостите.

Еве го редењето на тортата прикажано преку фотографии: