БОЖИЌНА ТОРТА: Ова е торта која сите ја сакаме премногу, ја правам исклучиво за Божиќ…Суво овошје и чоколадо….Еве што ви е потребно според рецептот на „Зајунана“ – Божиќна парфе торта:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кора:
10 белки
200 г шеќер
100 г сечкани ореви
100 г сечкани суви кајсии
100 г сечкани суви смокви
100 г сечкани црвени урми
100 г сечкани желе бонбони
100 г сечкана чоколада
100 г суво грозје
200 г сечкани ореви
3 лажици брашно

За крем:
10 жолчки
10 лажици шеќер во прав
100 г темно чоколадо
250 г путер или маргарин

ПОСТАПКА:

Подгответе го и исечкајте го сувото овошје, желе бонбоните, јаткастите плодови и чоколадото.

Јас ги измешав со раце, затоа што желе бонбоните и сувото овошје беа лепливи, па се плашев дека сè ќе се испозалепи. Додајте 3 лажици брашно за да се разделат убаво сите парчиња и повторно промешајте.

Со миксер пенасто изматете ги белките со постепено додавање на 200 г шеќер. Колку поцврсто, толку подобро. Треба да добиете цврсти врвови, а снегот кога ќе го превртите да не паѓа од садот.

Додајте сечкани ореви, измешајте со лажица и додајте го претходно подготвеното овошје… Загрејте ја рерната.

Обложете голем плех со хартија за печење и печете ја кората во мојата рерна на средна температура (околу 190°C) околу 15 минути на ниско ниво. Ако температурата е превисока, овошјето ќе изгори.

Изматете ги жолчките со шеќерот во прав додека да добиете густа, кремаста смеса со зголемен волумен. Неколку минути гответе ги на пареа додека да згуснат со непрекинато мешање.

Кога е готово, додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи и соедини во кремот. Претурете го добиениот крем во друг сад и оставете да се олади до собна температура.

Потоа додајте го путерот, кој исто така омекнал на истата собна температура, па изматете со миксер додека сето убаво да се изедначи во нежен крем.

Изладената кора извадете ја од хартијата за печење. Исечете ја на три еднакви дела (3 кори), па филувајте ги. Оставете малку фил и за страните на тортата, за да се израмни.

Кората ја испеков во две серии од по 5 белки затоа што плехот за рерна ми е мал и собира само 10 белки, така што двете кори ги поделив на половина и имав 4 кори.

Филуваната торта треба да отстои во фрижидер најмалку 24 часа или уште подобро 36 часа.

Одозгора прелијте ја со чоколадна глазура. Врз чоколадото обично не ставам ништо, украсувам со овошје или рендано чоколадо, но можете да ја декорирате како што сакате.

Кората можете да ја печете во калап 26 см, па да ја пресечете на половина или на три дела. Ако филот од 10 жолчки не ви е доволен, можете да додате уште некој дополнителен крем, но ова е основната верзија.