Home Рецепти БЕЛА САЛАТА – многу е вкусна и богата

БЕЛА САЛАТА – многу е вкусна и богата

Потребни состојки:

300 г тестенина

150 г шунка

3 варени јајца

100 г шампињони од тегла

200 г кашкавал

350 г кисела павлака

150 г мајонез

Постапка:

Тестенините сварете ги во вода со малку сол, а потоа исплакнете ги со ладна вода и процедете ги. Префрлете ги во соодветен сад па додадете ситно сечкана шунка или крупно изрендана.

<

Јајцата сварете ги, изладете ги, па на крупно ренде изрендајте ги.

Додадете ситно сечкани маринирани печурки и 150 г крупно рендан кашкавал.

Убаво промешајте па додадете 200 г кисела павлака и мајонез. Убаво соединете ги состојките.

Префрлете во одговарачки сад, премачкајте со остатокот од киселата павлака и наредете рендан кашкавал. Дополнително украсете по желба. Изладете пред послужување.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: