Пролетни колачиња без печење со семчиња, кокос и овошје – превкусно и прездраво!

Фото и рецепт: Тина Шуран

Убав пролетен поздрав до сите, ова се сирови колачиња од мак, рогач, кокосово брашно… Без многу труд, спојте ги сите состојки, изедначете ја смесата и изладете ја еден час во фрижидер.

Потоа обликувајте и декорирајте со пролетни цвеќенца кои може да се јадат. Следи рецепт:

Потребни состојки:

90 г мак

90 г рогач

60 г кокосово брашно

6 суви смокво

2 мандарини – сок

½ портокал – сок

1 полна лажица кокосово масло

Неколку капки маслиново масло

Постапка:

Сите состојки заедно се ставаат во блендер. Ако сакате поголема количина само зголемете ги состојките. Можете да додавате и одземате состојки по сопствен вкус.

Добиената смеса ставете ја во пластична фолија, во фрижидер да излади еден час за да се стегне.

Потоа правете фигури по желба во калапи и украсете со пролетни цвеќенца:

Вероника (Veronica chamaedrys) сино цветче, Мртва коприва (lamium), дрен и рузмарин со ливчиња од диво нане.

Фото и рецепт: Тина Шуран

Loading...