Традиционална баница со спанаќ и сирење: Брз и превкусен појадок за целото семејство по рецепт на Малина Вановска
Совршена баница со спанаќ и сирење на бабин начин – Брз појадок кој сите го обожаваат
Ако барате идеја за совршен почеток на денот, оваа баница е вистински погодок! Крцкава одвадвор, сочна одвнатре и преполна со вкус.
Познатата Малина Вановска го споделува својот проверен рецепт кој се прави брзо и едноставно, а мирисот ќе го собере целото семејство на маса. Секој залак се топи во уста! Еве што ви е потребно за подготовка:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 јајца
200 г кисело млеко
1 лажичка сода бикарбона
300 г ситно сирење
500 г бланширан спанаќ
масло+растопен путер за премачкување на корите
15 кори
ПОСТАПКА:
Во киселото млеко се вмешува сода бикарбона додека да запени. Си сипува во изматените јајца и се додава спанаќот.
Се виткаат ролати од по 3 кори. Секоја кора се премачкува со маснотија и се редат една врз друга, а врз последната се прелива околу 3 лажици од смесата и се посипува сирење.
Ролатите се редат во намастена тава, одозгора се намастуваат и се печат во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат.




































