Баница со спанаќ и сирење…Брз и многу вкусен појадок за целото семејство…Рецепт на Малина Вановска. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 јајца
200 г кисело млеко
1 лажичка сода бикарбона
300 г ситно сирење
500 г бланширан спанаќ
масло+растопен путер за премачкување на корите
15 кори

ПОСТАПКА:

Во киселото млеко се вмешува сода бикарбона додека да запени. Си сипува во изматените јајца и се додава спанаќот.

Се виткаат ролати од по 3 кори. Секоја кора се премачкува со маснотија и се редат една врз друга, а врз последната се прелива околу 3 лажици од смесата и се посипува сирење.

Ролатите се редат во намастена тава, одозгора се намастуваат и се печат во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат.