Агенција за храна: Повлечена детска храна за доенчиња – прочитајте која

Агенцијата за храна и ветеринарство доби известување од компанијата увозник на производите од француски “Лакталис”, дека од пазарот во Република Македонија превентивно е повлечен производот детска храна за доeнчиња – Целија Експерт 2, со сериски број 17Ц0012838.

Наведената серија на повлечениот производ е здравствено и микробиолошки исправен и во скалд со законските регулативи на земјата производител и земјата увозник, се вели во известувањето на компанијата увозник пратено до Агенцијата.

Со направените испитувања потврдена е микробиолошката исправност на сите серии  од производот Целија кои се пласирани на пазарот во Република Македонија.

Loading...

Повлекувањето на производот, како што се вели во известувањето, направено исклучиво заради претпазливост и со цел намалување на паниката  и заштита на потрошувачите по издаденото известување  од Министерството за здравство на Франција,

Агенцијата за заштита на потрошувачите надлежно за францускиот пазар и  препораките на компанијата “Лакталис”.

Loading...