За здрави коски не е потребен само калциум туку и силициум кој ќе го најдете во овие билки
ЧУВАЈТЕ ГИ КОСКИТЕ ОД СКРШЕНИЦИ
При болести на коските, вклучувајќи скршеници, остеопороза, остеохондроза, артроза и артритис, се користат билки што содржат силициум. Без него коските стануваат ронливи, а калциумот – наместо во коските – може да се акумулира во зглобовите, што не е добро..
Треба да се истакне дека во природата нема многу билки богати со силициум. На прво место е полското глуварче, нешто малку силициум се наоѓа во троскотот, смрдливата коприва, пиревината, обичната коприва, подбелот, велигденчето, чичоките.
Може да се направи ладна инфузија од полски коњски опаш: лажица од билката прелејте со 200 мл ладна вода, оставете да отстои 24 часа, па исцедете.
Земајте по третина чаша трипати на ден, еден час по јадење.
За приготвување одвар од полски коњски опаш, лажица од билката прелејте со шолја зовриена вода, загревајте на пареа 30 минути, оставете десет минути да се лади на собна температура, исцедете и добро исушете ја билката.
Количеството добиен одвар доведете го до првобитната мета така што ќе досипете превриена вода.
Земајте по половина чаша два-три пати на ден еден час по јадењето.
Курата трае три седмици, потоа следува пауза од седум дена, па лекувањето може да се повтори. По три месеци преминете на користење друга билка.
БИЛКИ ШТО ГИ ОБНОВУВААТ КОСКИТЕ
Регенеративните процеси во коскеното ткиво ги активира златицата. Одвар од процветани фиданки ги намалува болката и отокот и ја подобрува циркулацијата.
Одвар: лажиче сува билка прелијте со 300 мл зовриена вода, оставете го во термос два часа, исцедете го и пијте по третина шолја трипати на ден пред јадење. Курата трае 10-12 дена.
За побрзо зараснување на скршеници придонесува и одвар од плодови од шипка – тој ја подобрува циркулацијата на крвта во мускулите и ги зајакнува лигаментите.
Одвар: две лажици плодови прелејте со половина литар зовриена вода, оставете го во термос четири часа, исцедете го и пијте по половина до една шолја на ден, пред јадење, може со лажиче мед.
За подобрување на ефикасноста на лекувањето однадвор може да се користат облоги и маст од корен од гаваз.
За облогата е потребно 50 г сув корен. Прелејте о тоа со две шолји врела вода, ставете го на ткаенина, приврзете го на болното место, затоплете го и оставете го прекуноќ. За приготвување масти, прав од корен од гавез помешајте со свинска маст во сооднос: 1:1 и направете преврски, кои се менуваат еднаш дневно.